ФИТР: Преку ЕРАЗМУС+ до иновација и размена на знаeње

Фондот за иновации и технолошки развој одржа презентација на програмата ЕРАЗМУС+. Фокусот на презентацијата е соработка за иновација и размена на добри практики на корисниците на грантови на ФИТР.

Презентација им помогна на корисниците да се запознаат со можностите за соработка на Клучната акција 2. Соработката е помеѓу корисниците на грантови на фондот и организации или високо-образовни и научни институции. 

„Целта на презентацијата на програмата ЕРАЗМУС+ беше да се запознаат корисниците со можностите за соработка со други организации или високо-образовни и научни институции, со цел поднесување на проект апликации за Клучната акција 2 и мобилизиција на дополнителни финансиски средства. Клучната акција 2 предвидува проекти кои се фокусираат на секторска и меѓусекторска соработка, проекти кои се однесуваат на работа со индустрија, билатерални и мултилатерални партнерства и воведување на иновативни активности.“, велат од Фондот.

Еразмус како европска програма за соработка во полето на високото образование нуди можност студентите, наставниот и административниот кадар, да поминат дел од нивните студии или практична работа во некоја од земјите кои учествуваат во Програмата. Целта е учесниците да добијат нови знаења и вештини преку учество во програмите.