ФИТР грантови: ПРОЕФЕКТ ИНОВО – подобрување на онлајн учеството во е-обуки за развој на вештини

Овој текст е дел од серијалот „ФИТР грантови” во коj што ги контактиравме фирмите кои имаат ИТ решенија на последнитe повици за грантови на ФИТР. Идејата зад серијалот е јавноста подобро да се запознае со компанијата, продуктот и очекувањата поврзани со грантовите. Компаниите во оваа серија текстови се добитници на средства од „Кофинансирани грантови за технолошки развој за надминување на последиците од КОВИД-19“.

ИТ.МК се обиде да стапи во контакт со сите компании од ИТ секторот, и нивните одговори ќе ги објавиме како што пристигнуваат.

компанија име на проектот ФИТР ко-финансирање сопствено ко-финансирање вкупен буџет
ПРОЕФЕКТ ИНОВО УНАПРЕДУВАЊЕ НА ОНЛАЈН ПОНУДА ЗА ОБУКИ И РАЗВОЈ НА ВЕШТИНИ 747.994.00 320.568.00 1.068.562.00

Споделете со нас неколку информации за вашата компанија… Кога е основана, примарна дејност, тековни клиенти или сл… или ако е ново основана, која е структурата и од кого е основана?

ПРОЕФЕКТ Иново ДООЕЛ Скопје е микро претпријатие кое обезбедува консултантски услуги и решенија за организациска и финансиска одржливост на претпријатија, институции, здруженија преку давање обуки за развој на вештини во различни области на организацискиот развој, а особено експертска помош во добивањето на грант поддршка од меѓународни и домашни донаторски програми.

Во својата 6 годишна работа (друштвото е формирано е во март 2015 година), ПроЕфект Иново се промовираше во една од ретките организации која обезбедува интегрирани услуги за поддршка во обезбедувањето грант поддршка за своите клиенти кои вклучуваат информирање (сервисот Проекторат https://www.proefekt.mk/proektorat-za-mesec-januari-2021, инфо сесии), развој на вештини (обуки, менторска поддршка https://www.proefekt.mk/copy-of-services) или ескпертско пишување и поддршка во спроведувањето на проекти од грантови.

Дали може да ни кажете нешто повеќе за проектот за кој добивте финансии од ФИТР? За каков точно проект станува збор?

Проектот финансиран од ФИТР ги адресира следниве два цели на Инструментот за поддршка: „Кофинансирани грантови за технолошки развој за надминување на последиците од КОВИД-19“

-воведување на нови односно подобрување на постоечките производи и/или услуги (вклучително и набавка на опрема) за кои постои зголемена побарувачка во текот на кризата и периодот на заздравување

-прифаќање и воведување на насоки за заштита на вработените и потрошувачите поврзани со КОВИД-19

Имајќи предвид дека обезбедувањето на развој на вештини како дел на неформалното образование беше сериозно доведено под прашање во услови на забрана на собирање во група и забразан за движење во првите месеци на пандемијата од вирусот КОВИД 19, со давањето на опција за учење на дистанца како и понуда на квалитени онлајн обуки во реално време се обезбедува процесот на учење да биде сигурен и со можност за директна примена на принципот на социјална дистанца.

Целта на проектот е подобрување на онлајн учеството во е-обуки за развој на вештини на начин кој ја гарантира безбедноста и здравјето на учесниците и клиентите преку дигитализиција и интегарација на клучните процеси на учење.

Новината која се предвидува со овој проект  ќе овозможи повеќе финкционалоности како што се : 

-Унапредување на функционирањето на практиките за онлајн учење на далечина со кое ќе се даде можност во реално време или на одложено да се следат обуките и да се дава можност за еден-на-еден менторска поддршка;

-Понудени интернет базирани интерактивни тренинг модули кои во себе ќе содржат дигитални алатки ( на пр во модулот за проектно планирање ќе има можност за користење на алатки како што се анализа на проблемското подрачје, алатка за развој на буџет итн. ).

Колку време и до кој степен е во развој? Кога најрано би можеле да очекуваме MVP (minimum viable product) од продуктот достапен за јавноста?

Проектот ќе трае 6 месеци, и има три главни продукти кои ќе се обезбедат со овој проект:

-Обезбедена опрема за квалитетно реализирање на онлјан и офлајн обуките за подоготвка на предлог проекти за грантови од ЕУ и другите донаторски програми

-Продуцирани и понудени две снимени обуки за подготвка на предлог проекти за грантови

-Обезбедена опрема за заштита на персоналот на Проефект и учесниците на обуките со физичко присуство од вирусот на КОВИД 19

Очекуваме продуктите да бидат понудени при крајот на проектот.

Колку ќе ви помогнат дополнителните финансии од страна на ФИТР? Во кои делови од проектот поточно ќе ви помогнат финансиите од Фондот?

Пандемијата од вирусот на КОВИД 19 ги промени начините на реализација на активностите на оние кои обезбедуваат услуги за развој на вештини. Без помошта на ФИТР, Проефект нема да можеше да ги обезбеди опремата, експертизата и услугите кои се над 75% од вкупниот буџет.  Преку овој проект од ФИТР ќе добиеме 747,994 мкд, а нашето учество е 320,569 мкд.

Дали производот/услугата што го планирате да го развиете е за домашен или интернационален пазар? Која е вашата примарна целна група?

Oд двете онлајн обуки кои ќе бидат подготвени со проектот и кои ќе можат да се најдат нашата интернет страница www.proefekt.mk, едната ќе биде на македонски јазик, а другата на англиски. Очекуваме како главна целна група да бидат сите кои сакат да стекнат вештини за подготовка на предлог проект и во Македонија и во регионот. Во текот на една година има над 750 конкурси за грант поддршка, па очекуваме голем интерес кај клиентите за тоа што го нудиме.

Нешто дополнително што би сакале да додадете? :)

Проефект Иново, и понатаму планира да користи иновации во понудата на услуги за поддршка на клиентите да добијат и да менаџираат грантови, но и да се иновира работата преку дигиталзиција на процесите. Веруваме дека со овој проект ќе ни биде отскочна даска за да продолжиме со развојот на нашето портфолио во делот на истражувањето и развојот.

За пандемијата на коронавирусот COVID-19

Ажурирано на 25/03/2020

Што е коронавирусот COVID-19?

COVID-19 (коронавирусна болест 2019) е нова заразна вирусна дишна болест предизвикана од новиот коронавирус SARS-CoV-2. Името го добива по „боцките“ на неговата површина кои изгледаат како круна (корона). Коронавирусите можат да заразат и животни и луѓе и да предизвикаат симптоми што се движат од лесна настинка до тешка, животно загрозувачка пневмонија.

Колку е заразен вирусот?

Вирусот е екстремно заразен и се пренесува многу лесно од човек на човек, особено во затворени површини. Се пренесува по капличен пат - во мали капки кои ги прави заразениот човек кога дише, зборува, кашла или кива.

Каде е проширен вирусот?

Почнувајќи од првата епидемија во Кина, од декември 2019 до денес вирусот е проширен во над 140 земји, има заразено најмалку 462.000 луѓе и предизвикано над 20.800 смртни случаи. Според Светската здравствена организација се работи за пандемија. Моментално Европа и САД се соочуваат со нагол пораст на новозаболени. Вирусот е присутен и во Македонија од 26 февруари 2020.

Кои се симптомите?

За да се појават симптомите потребни се 2 до 14 дена. Најчести симптоми се покачена температура, сува кашлица, замор и потешкотии при дишењето. Најголемиот број заболени (околу 80%) имаат благи симптоми кои наликуваат на грип или лоша настинка. Некои луѓе воопшто не развиваат симптоми, но може да ја пренесат болеста на други.

Како да се заштитам себеси и другите?

Добар совет во време на пандемија е да се однесуваме како сите, па и самите да сме заразени. Ова значи, минимизирање на контактот со други луѓе и држење на дистанца од 1 до 2 метри, поретко излегување од дома, често и долго (до 20 секунди) миење на рацете и избегнување на допирање на лицето.

Каде да се информирам повеќе?

Во време на пандемија, а воедно и на лажни вести и clickbait тактики, бидете внимателни од каде конзумирате вести. IT.mk ви препорачува да ги следите официјалните сајтови и проверени извори на информации:

- Официјална веб-страна на Министерството за здравство
- Официјална веб-страна на Владата на РСМ
- Неофицијална страна поддржана од Министерството за здравство
- често ажурирана страница за моменталната состојба на пандемијата. За секоја земја има и посебна статија.

Прочитај повеќе

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии