ФИТР Грантови: Pile Control ќе да биде специјализирана фирма која ќе нуди над 9-10 видови на тестирање со современа и софистицирана опрема

IT.mk редакција

во ИТ.МК

Овој текст е дел од серијалот “ФИТР грантови” во кои што ги контактиравме фирмите кои имаат ИТ решенија на последнитe повици за грантови на ФИТР. Идејата зад серијалот е јавноста подобро да се запознае со компанијата, продуктот и очекувањата поврзани со грантовите.

ИТ.МК се обиде да стапи во контакт со сите компании од ИТ секторот и нивните одговори ќе ги објавиме како што пристигнуваат.


Споделете со нас неколку информации за вашата компанија… кога е основана, примарна дејност, тековни клиенти или сл… или ако е ново основана, која е структурата и од кого е основана?

ПИЛЕ КОНТРОЛ е стартап компанија која е формирана со цел да нуди услуги во градежништвото, поточно контрола на квалитет на длабоки темели – колови.

Идејата за формирање на компанијата се базира на долгогодишното искуство и експертиза на нејзиниот основач кој работеќи во оваа област видел можност за воведување на нова технологија, која може да биде по ефективна а истовремено и економично конкуретна на интернационален пазар.

Во моментов ПИЛЕ КОНТРОЛ е фирма со само еден вработен, кој е и управител на фирмата. Игор Томовски е магистер по технички науки – дипломиран инженер по геотехника, со повеќе годишно интернационално искуство. Иницијално компанијата ќе посвети поголемо внимание на производство на опремата за што е потребен одреден период за истражување и развој, како и период за тестирање. Во овој период ПИЛЕ КОНТРОЛ планира да ангажира (хонорарно) докажани експерти од повеќе области (Информатика, Механика, Електроника, Автоматика, Машинство и дг.) со цел да се развие и произведе опрема со врвен квалитет. По комплетирање на опремата ПИЛЕ КОНТРОЛ би имал потреба да вработи луѓе од повеќе области: техничари / оператори на опрема, градежни инженери за обработка на податоци, програмери, машински и електро инженери и сл.

Целта на ПИЛЕ КОНТРОЛ е да биде специјализирана фирма која ќе нуди над 9-10 видови на тестирање (методи) со современа и софистицирана опрема, по водечките светски стандарди и постепено да го гради својот пат како водечка компанија за овие тестирања во регионот и пошироко

Дали може да ни кажете нешто повеќе за проектот за кој добивте финансии од ФИТР? За каков точно проект станува збор?

Контрола на квалитет кај длабоки темели се врши на повеќе начини и со повеќе типови на опрема. Со оглед на тоа дека оваа опрема е доста софистицирана и скапа, многу е мал бројот на фирми што се занимаваат со оваа проблематика. ПИЛЕ КОНТРОЛ има намера да ги пружи комплетно овие услуги во Македонија, Регионот и пошироко, по доста поволни цени и услови, а тоа планира да го оствари со тоа што комплетно ќе произведе своја опрема за тестирање.

Својот иноватив и конкурентен аспект ПИЛЕ КОНТРОЛ го гледа во тоа што комплетно, сета опрема ќе ја произведе самостојно, според својата експертиза и свои карактеристики и истата да ја пласира на светскиот пазар за продажба, изнајмување и нудење услуги со истата.

Опремата за тестирање што планира да ја развие ПИЛЕ КОНТРОЛ е иновативна по самата технологијата и начинот на користење. Имено, сите делови и компоненти се произведуваат во Македонија со помош на локални експерти и фирми. Целата опрема и процесот на тестирање е дигитализиран и автоматизиран, споен во еден систем за аквизиција на податоци и контрола, кој добиените податоци ги анализира во специјален софтвер кој директно ги запишува податоците на компјутер. На овој начин се намалува ризикот од субјективни (човечки) грешки, а исто така и прецизноста е далеку поголема за разлика од постоечките опреми кои користат аналогни компоненти кај кои податоците ги отчитува оператор кој рачно врши запис на истите.

ПИЛЕ КОНТРОЛ планира да даде поголема доза на сигурност при самиот процес на испитување за разлика од постоечките методи. Тоа планира да се постигне со имплементирање на дополнителни сонди и сензори, како и специјализиран софтвер со приказ во реално време, со што ќе се зголеми сигурноста и довербата на добиените податоци како за самиот оператор, така и за клиентот. Со оглед на тоа дека целиот систем е дигитализиран и автоматизиран, истиот ќе има систем за алармирање доколку текот на тестирањето не се одвива по пропишаната метода и стандард. Со ова ќе заштеди на време и финансиски средства, со тоа што ќе се спречи потенцијално неуспешно испитување, што не толку ретко, особено кај недоволно стручен кадар или лоши теренски услови и застарена опрема.

Основачот на ПИЛЕ КОНТРОЛ има веќе развиено и тестирано еден вид на опрема за потребите на фирма во Африка, како и за Катедрата за Геотехника при Градежниот Факултет. Резултатите се успешни и опремата се користи редовно, но оваа опрема е направена по барање на клиентите и истата е делумно дигитализиран и автоматизирана. ПИЛЕ КОНТРОЛ планира истата да ја доусоврши и комплетно дигитализира и дополни со други компоненти за контрола.

Колку време и до кој степен е во развој? Кога најрано би можеле да очекуваме MVP (minimum viable product) од продуктот достапен за јавноста?

Иницијално компанијата ќе посвети поголемо внимание на производство на опремата за што е потребен одреден период за истражување и развој, како и период за тестирање. Во овој период ПИЛЕ КОНТРОЛ планира да ангажира (хонорарно) докажани експерти од повеќе области (Информатика, Механика, Електроника, Автоматика, Машинство и дг.) со цел да се развие и произведе опрема со врвен квалитет. По комплетирање на опремата ПИЛЕ КОНТРОЛ би имал потреба да вработи луѓе од повеќе области: техничари / оператори на опрема, градежни инженери за обработка на податоци, програмери, машински и електро инженери и сл.

Средствата од фондот ке бидат искористени за развој, производство и тестирање на 4 типа на опрема за недеструктивно тестирање на длабоки темели. Односно, по еден тип опрема на квартал (3 месеци) и по завршување на проектот (12 месеци) би имале 4 нови продукти (опрема) достапна за комерцијална употреба.  

Колку ќе ви помогнат дополнителните финансии од страна на ФИТР? Во кои делови од проектот поточно ќе ви помогнат финансиите од Фондот?

Средствата ќе бидат наменети за истражување и развој за производство на опрема за недеструктивно тестирање на длабоки темели – колови, односно контрола на квалитет во градежништво. Поточно развој на четири (4) типа на опрема за тестирање кои се најмногу користени во Европа и во светот.

Средствата ќе се искористат за:

  • Набавка на Електроника и Автоматизирање (SCADA системи, Софтвер, Контролери и сл.) и нивно интегрирање во целина.
  • Изработка на софтвер за прибирање, анализирање и обработка на податоци.
  • абавка/изработка на машински елементи и склопови потребни за изведба на тестирање (Пнеуматика, Хидраулика, Механика – Деформации, Вибрации, Температура, Сила, Притисок и сл.).
  • Комплетирање на опрема и нејзино тестирање.

Дали производот/услугата што го планирате да го развиете е за домашен или интернационален пазар? Која е вашата примарна целна група?

Идејата на ПИЛЕ КОНТРОЛ е да настапува претежно на интернационални пазари, Македонија е премал пазар за да фирма како ПИЛЕ КОНТРОЛ би можела да опстои.

Како пазарни сегменти најинтересни се регионите кои се инфраструктурно неразвиени, Балкански регион, Источна Европа, Африка и сл., бидејќи овие пазари се во развој и се перспективни.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии