ФИТР грантови: Мобидониа – компанијата зад FireAdmin, платформа за креирање админ панели

Овој текст е дел од серијалот “ФИТР грантови” во кои што ги контактиравме фирмите кои имаат ИТ решенија од 79-те добитници на последниот повик за грантови на ФИТР. Идејата зад серијалот е јавноста подобро да се запознае со компанијата, продуктот и очекувањата поврзани со грантовите.

ИТ.МК се обиде да стапи во контакт со сите компании од ИТ секторот и нивните одговори ќе ги објавиме како што пристигаат.


1. Споделете со нас неколку информации за вашата компанија… кога е основана, примарна дејност, тековни клиенти или слично… или ако е ново основана, која е структурата и од кого е основана?

Мобидониа е формирана во 2014 година, и моментално има 3ца вработени. Два програмери и еден дизајнер. Компанијата е основана е од Даниел Димов, дипломиран програмски инженер. Примарна дејност е генерирање на мобилни апликации преку нашиот “Направи сам” креатор на мобилни апликации Мобидониа. Најголем тековен клиент е владата на Панама која преку наш препродавач во Панама има направено 50 мобилни апликации за нејзините општини.

2. Дали може да ни кажете нешто повеќе за проектот за кој добивте финансии од ФИТР? За каков точно проект станува збор?

Сите знаеме дека цената на изработка е мобилна апликација е релативно скапа, и почнува некаде од 10 000 до 100 000 евра. Но голем дел (1/3 ) од оваа цена отпаѓа на админ панелот за мобилната апликација.

“Админ панел” е платформата каде администраторите на апликацијата управуваат со нејзината содржина, дизајн, изглед, испраќање нотификации и управување со корисниците на апликацијата. Но, не само администратори, понекогаш овие платформи се користат и од крајните корисници за управување со сопствени податоци, профили, нарачки и сл.

Па, така се роди идејата за “FireAdmin”. Тоа е платформа каде можете да креирате админ панел за вашата мобилна апликација или било кој друг проект. Вие ќе ги дефинирате елементите за навигација, како треба да изгледаат и кој имаа пристап до него.

Се заштедува огромна сума на време и пари користејќи го овој софтвер. Она за што беше потребно неколку недели за да се изгради, сега е потребни се само неколку часа. Се базира на Центарот за развој на Google – Firebase. Тоа е место кое нуди Бази на податоци, хостинг, известувања, и ние работиме со сите нив за да го создадеме овој неверојатен админ панел за вашата апликација или проект.

Станува збор за повеќе од 1 до 2 милиони програмери ширум светот кои сега користат Firebase.

И има повеќе од 6 000 (4.5k – Android, 1.5k iOS) нови мобилни апликации на ден кои можат да направат админ со FireAdmin.

3. Колку време и до кој степен е во развој? Кога најрано би можеле да очекуваме MVP (minimum viable product) од продуктот достапен за јавноста?

Голем дел од проектот е веќе развиен, и работи како своевиден додаток на Firebase. Она на што ќе работиме е менаџер на датотеки, менаџер на корисници и креирање на SaaS решение за полесно користење на овој продукт. На овој продукт работиме една ипол година.

Производот може да го разгледате тука.

Веќе имаме продадено 600+ лиценци за овој продукт, но наплатата е еднократна. SaaS решението ќе ни помогне да го зголемиме бројот на подажби и да наплаќаме месечно или годишно.

MVP би имале некаде за 3 месеци од започнување на проектот, а тоа е март 2019 година.

4. Колку ќе ви помогнат дополнителните финансии од страна на ФИТР? Во кои делови од проектот поточно ќе ви помогнат финансиите од Фондот?

Една од главните причини што се пријавивме на овој повик е да го забрзаме времето на развој на проектот. Ќе ги искористиме средствата за да вработиме 1 нов вработен – програмер, целосно посветивме 1 постоечки вработен програмер и делумно посветиме 1 дизајнер и 1 програмер – организатор на проектот. 10% од средствата ќе искористиме за промовирање на платформата се со цел да дојдеме до поголем број на корисници.

Добро го структуиравме нашиот план, така да сите вклучени трошоци се продуктивни.

Па како одговор на прашањето, 70% помош од страна на ФИТР итекако ќе помогнат овој проект да биде завршен побрзо и подобро. Станува збор за 20 000 евра од ФИТР и 8 000 евра инвестиција од Мобидониа.

5. Дали производот/услугата што го планирате да го развиете е за домашен или интернационален пазар? Која е вашата примарна целна група?

Продуктот е наменет за интернационален пазар меѓутоа нема ограничување тој да биде користен и од Македонски компании и поединци. Примарна таргет група се ИТ компаниите и самостојните програмери коишто користат Firebase база на податоци. А како што нагласив погоре станува збор неофицијални 2+ милиона корисници којшто број секојдневно се зголемува.

1 коментар на “ФИТР грантови: Мобидониа – компанијата зад FireAdmin, платформа за креирање админ панели

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии