Фитнес апликации кои ќе ви помогнат да бидете поздрави

Најголем дел од програмерите својот ден го минуваат седејќи на бирото пред својот компјутер. Сепак за секој осум часа кои ги минувате зад бирото потребно е да се размрдате барем еден час.

Истражувањето на Lancet покажува дека дека опасноста од компликации и прерана смрт кај луѓето кои само седат 8 или повеќе часа е 9.9% во следните 2 до 18 години. За споредба, компликациите кај луѓето кои се движат биле 6.8%.

Инаку ова не значи дека мора да трчате или да се занимавате со спорт. Едноставно би требало да бидете активни. Пример, може да одите пеш на работа, да се прошетате на паузата, или пред да легнете. Може да се движите како сакате и во кој период сакате, но збирот на овие интервали треба да биде подолг од еден час во денот.

Секако постојат и поелегантни решенија од апликации кои ќе ве мотивираат, но сè помага. Еве неколку кои ќе ви помогнат да бидете поздрави.

RunKeeper

Ако по некое чудо досега не сте слушнале за RunKeeper станува збор за навистина корисна апликација. Овозможува да следите колку километри сте пешачеле или истрчале, колку време пешачите, каква е конфигурацијата на теренот и слично. Дополнително, апликацијата ви пресметува и колку калории сте потрошиле.

Ако трчате аплиакцијата е уште покорисна, но најверојатно ова веќе го знаете.

Добра вест е дека Runkeeper е достапен и на iOS и на Android.

Strava Running

Уште еден чест „гостин“ на Facebook-ѕидот на барем еден од вашите пријатели. Апликацијата ја има речиси истата функционалност како и RunKeeper, но малку пофокусирана за корисници кои се поамбициозни. Апликациајта на корисниците им доделува предизвици со кои ги мотивира да ги подобрат своите резултати.

И Strava Runing, како и RunKeeper, е достaпна за iOS и Android.

JEFIT Workout Tracker

За разлика од претходните две апликации кои ги мотивираат корисните да пешачат, JEFIT е наменет за корисници на кои трчањето можеби не им е по мерка. Наместо тоа, JEFIT доаѓа со куп вежби. Ова овозможува корисникот сам да си направи листа на вежби кои ќе го држат окупиран и со тоа поревносен во вежбањето.

Апликацијата доаѓа со детален опис и анимации за секоја вежба. И JEFIT Workout доаѓа за iOS  и Android.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии