Firefox тестира VPN за уште поголема приватност

Дејан Соколоски

во feature, Вести

Image courtesy of Mozilla

Firefox наскоро би можел да добие уште подобра заштита на приватноста на корисниците. Firefox Private Network е екстензија која ќе овозможи поголема безбедност за корисниците. Засега е во тест фаза и е достапна за корисниците од САД, објави Mozilla на својот блог.

Екстензијата барем во бета фаза е бесплатна, иако најавата е дека „ќе биде бесплатна ограничен период“. Засега е достапна за десктоп верзијата. Она што е важно е дека FPN е исклучиво за прелистувачот, сообраќајот надвор од прелистувачот не е преку VPN и за него ќе треба друга апликација. Брзината при прелистување е нешто пониска, но сепак и повеќе од доволно брза за сите потреби.

Со Firefox Private Network корисниците и понатаму ќе добиваат реклами базирани на локација. Причина за ова е што иако корисникот користи различна IP адреса таа сепак е  во близина на локацијата од која доаѓа. Ова не само што значи дека рекламите базирани на локации стигнуваат до корисникот, туку и содржините кои се ограничуваат со геоблокирање се недостапни.

Ако интересот за FPNе доволно голем веројатно Mozilla по излегувањето од бета ќе го направи достапен и глобално.

Firefox Private Network ќе го одбележи и враќањето на „Test Pilot“ програмата на Mozilla.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии