Firefox со нова верзија, подобрено искуство и нови алатки за девелопери

Mozilla ја издаде 31-вата верзија на Firefox прелистувачот, во која првата промена која ќе ја забележите е присуството на лента за пребарување сместена во новоотворените табови.

Корисниците на десктоп верзијата ќе забележат дека Google e поставен за основен пребарувач, но неговата промена е едноставна, па корисникот може да ги користи Bing или Yahoо, но и да додаде други пребарувачи. За корисниците на Windows, Firefox ќе може да отвора .pdf и .оgg фајлови доколку не е одберена специфична апликација.

Новитет е и додавањето на Google Safe Browsing API кое ги прегледува преземањата и не дозволува преземање на малициозен софтвер.

Mozilla сепак вели дека користењето на API-то на Google не е ефикасно колку на Chrome, но сепак ги скенира сите преземања без разлика дали станува збор за преземања иницирани од корисникот или не. Доколку корисникот сепак сака да ја исклучи оваа опција за да заштеди на сообраќај, може да го направи ова од: Preferences > Security > Block reported attack sites.

Сепак најголем дел од промените за Firefox 31 доаѓаат за девелоперите. Имплементирана е WebVTT што на корисниците ќе им овозможи да гледаат видео содржини со вгнездени титлови. За девелоперите се додадени нови алатки Add-on Debugger и Canvas Debugger, а избирањето на бои е олеснето со Eyedropper алатка.

Новата Android верзија ќе им овозможи на корисниците да ги разместуваат панелите на „Home“-екранот, како и можноста за рефреш на синхронизираните табови. Mozilla издаде и ново Firefox Hub API кое им овозможува на девелоперите да ги прикажат своите содржини и алатки на Firefox или Android страните.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии