Firefox со над 1 милијарда преземања

IT.mk редакција

во Софтвер

{mosimage}Популарниот прелистувач Firefox на фондацијата Mozilla, откако стана достапен за јавноста во 2004 година, до денес е преземен повеќе од 1 милијарда пати. Firefox сега има 30.5 проценти удел на пазарот на веб прелистувачи, а се наоѓа зад Internet Explorer, кој сеуште е прв на листата со убедливи 60.12 проценти.

Оваа бројка на преземања, земајќи го во предвид и гинисовиот рекорд кој Firefox го постави со верзијата 3.0 на таканаречениот "Firefox ден" (8.002.530 преземања за 24 часа) и одлуката на Microsoft дека со Windows 7 на корисниците во Европа ќе им се понуди избор на прелистувачи при инсталацијата, само го поддржува ставот дека Firefox за кратко време има тенденција да преземе поголем дел од пазарниот удел на Internet Explorer.

{mosimage}

Пред само недела дена пишувавме за тоа дека Firefox е најкористениот прелистувач во Македонија, со присуство од 55.14% на пазарот. Дури и според анкетата која ја спроведовме кај нашите читатели, откривме дека 70% го користат овој бесплатен прелистувач, што беше потврдено со статистиката од Google Analytics. А ги спомнавме и Firefox поддржувачките групи кои почнаа да се формираат и низ Македонија.

Firefox несомнено доживува голем успех, дури најновата верзија од прелистувачот се презема и 40 до 60 пати во секунда. А за да појаснат колку многу е една милијарда, тимот на Mozilla ги изнесе следниве споредби:

  • За да се соберат една милијарда златни рипки во аквариум, тој би требал да биде со големина на стадион.
  • Една милијарда парички би зафаќале површина од 1.600 километри.
  • Една милијарда центиметри е растојанието од Чикаго до Токио.
  • Една милијарда секунди се 31.7 години.
  • Една милијарда килограми би била тежината на 250.000 слонови.
  • Една милијарда кредитни картички би тежеле исто како 52 кита.



Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии