Firefox Quantum, новиот прелистувач побрз и помоќен од било кога

Image courtesy by Mozilla

Mozila ја претстави новата верзија на Firefox, Quantum. Новата верзија не доаѓа единствено со новo имe Firefox 57, туку е ребрендирана во Firefox Quantum.

Оваа надградба не е само подобрување на досегашната функционалност, туку потполно нов прелистувач. Најпрво ќе го забележите редизајнот, но тоа е најмалата промена. Новиот прелистувач доаѓа со сосем нов енџин, Project Quantum. За прв пат прелистувачот работи на повеќе јадра. Ова важи и за декстоп и за мобилната верзија на Firefox.

Quantum е најбрзата верзија на прелистувачот досега. За разлика од пред 6 месеци, прелистувачот е два пати побрз. Дополнително, Firefox е и помал товар на ресурсите и потребно му е 30% помалку меморија отколку на Chrome.

Колку брза е новата верзија? Споредбата на времето потребно за отворање на Топ 10 веб-страници по бројот на посети, покажува дека за дел од нив Firefox е побрз од Chrome. Ова и штедливоста со меморија, можеби е доволна причина да повторно да користите Firefox.

Заедно со надградбата дојде време и за промена на стандардниот (default) пребарувач. Mozilla ја прекина соработката со Yahoo и сега повторно е вратен Google. Ова зависи и од локацијата, па за жителите на Турција, Русија, Белорусија и Казакстан пребарувачот ќе биде Yandex, а за Кина, Baidu.

Во новата верзија е интегриран и Pocket. Функционалност која овозможува додадвање на отворената страница на листа за читање подоцна.  Заедно со мобилната апликација корисникот ќе може да ја прочита содржината и офлајн.

Quantum доаѓа со поддршка за WASM и WebVR, па ова треба да помогне како за играње, така и за содржина во виртуелната реалност. Ова е една од функционалностите кои беа додадени во прелистувачот како подготовка за оваа верзија.

Mozilla Quantum ќе биде достапна на Windows, Mac, Linux, Android и iOS. Десктоп верзиите се достапни на Mozilla, a Android верзијата на Google Play. За жал, iOS верзијата ќе пристигне подоцна.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии