Firefox мора да добие редизајн за да се врати во игра

Mozilla најавува преработка на Firefox за да може да му конкурира на Chrome кој станува доминантен прелистувач. Во следните верзии на прелистувачот, Mozilla ќе се фокусира на функции по кои се препознатливи, а ќе бидат отстранети од Firefox, вели Ars Technica. Можеби најважната промена е дека прелистувачот ќе биде базиран на веб технологии наместо XUL и XBL.

Промените кои доаѓаат на Firefox се поделени во три категории: квалитет без компромис, најдоброто од интернет и единствено на Firefox. Квалитет без компромис подразбира дека компанијата ќе ги доработи полу-готовите идеи за користење и функционални. Најдоброто од Интернет е идеја која на корисниците ќе им понуди најпопуларните екстензии за кои компанијата ветува подобри API, но и подобрување на перформансите. Единствено на Firefox е последен дел од планот кој треба да донесе нови корисници, пред се поради сите причини кои и досегашните корисници го одбрале прелистувачот, на пример подобро приватно прелистување кое наскоро ќе биде достапно на прелистувачот.

Покрај тоа што Mozilla е еден од најдобрите прелистувачи, бројот на корисници постојано опаѓа, а Ars Technica предвидува дека Firefox најверојатно има околу 500 милиони активни корисници. Бројката за сега не е загрижувачка, но доколку опаѓачкиот тренд продолжи Mozilla може да биде во невоља.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии