Firefox ќе биде подобар во криење на корисниците

Mozilla наскоро би можела подобро да ги крие навиките на корисниците кои се одлучиле да сурфаат на интернет анонимно. Компанијата сака да ја подобри опција за инкогнито/приватно прелистување во Firefox, така што ќе овозможи криење и од онлајн сервисите кои можат да го следат корисникот и при приватно прелистување.

Дел од екстензиите на Firefox како Ghostery или Privacy Badger веќе го овозможуваат ова, но сега Firefox ги имплементира можностите на екстензиите во своето инкогнито прелистување, јави TechCrunch. Новитет е достапен за сите верзии на Firefox: Windows, Mac и Linux, како и за Android верзијата.

„Наша хипотеза е дека кога ќе го вклучите приватното прелистување во Firefox праќате сигнал дека сакате поголема контрола врз приватноста отколку што, досегашното искуство овозможува“, велат од Mozilla. Но, за жал дел од страните нема да продолжат да функционираат доколку не можат да ги следат корисниците, па можеби за дал од овие страни ќе мора да направите исклучок. Со новата верзија на Mozilla корисниците повеќе нема да можат да користат непроверени екстензии.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии