Firefox го пројде IE во Европа, нo причинатa е Chrome

Тоа што е интересно од статистиката е што „oгнената лисица“ се движи во рамна линија, секогаш одржувајќи се близу до 40-те отсто, додека се забележува постојан пад на Internet Explorer.

Дополнително за падот на IE во Европа е што Европската комисија го натера Microsoft да го покажува browserchoice.eu сајтот на сите европски граѓани нудејќи им избор на прелистувач, наместо досегашната монополска пракса да го истуркува IE со инсталирање на Windows кој е убедливо нajкористениот оперативен систем во светот, со над 90% од корисниците.

Но… конретната причина за падот на IE, и промената на првата позиција е трет прелистувач – Google Chrome.

За само една година Chrome пројде од 4% на 15 отсто, земајќи го најголемиот дел од IE. Се очекува овој тренд да продолжи. Како што Google се повеќе го промовира и работи на него, така Chrome се повеќе ќе превзема корисници не само од IE туку и од Firefox.

Тој раст на Chrome се забележува и во Македонија. Firefox како доминантен падна од 60 над 40%, додека Chrome се користи од скоро 35 отсто од корисниците, а IE падна на само 15%.

5 коментари на “Firefox го пројде IE во Европа, нo причинатa е Chrome

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии