Firefox додаток за проверка на правопис на македонски јазик

Откако ќе го инсталирате додатокот ќе ви ги подвлече со црвен зборовите за кои мисли дека треба да се поправат, потоа со десното копче на глувчето ви се отвара мени со зборови, како што можете да видите погоре на сликата.

Одредени зборови ги нема во речникот, пример веб термини, па сугерира други не поврзани зборови. Сепак… додатокот е одличен за промовирање на македонскиот правопис како и за поправање на грешките дали поради лошо изговарање или печатни грешки. Firefox додатокот функционира и во македонската верзија на Firefox. Дамјан во коментар посочи дека македонската верзија си има проверка на правопис.

(via коментарот на tintin)

5 коментари на “Firefox додаток за проверка на правопис на македонски јазик

  1. самиот речник беше направен од Тарас Бендик -ако не се лажам- ова беше некаде пред 5 години сигурно
    http://mozilla.blog.mk/2008/08/22/kratka-istorija
    6. Новица и Дамјан продолжуваат со работа и најновиот Firefox 3.0 е достапен на македонски јазик. Овој пат, пакетот вклучува и додаток за проверка на правопис. Листата на зборови која се користи е онаа од Тарас Бендик, објавена уште во декември 2003 година за тогашниот превод на OpenOffice.org 1.0 на македонски јазик.

  2. Екстензијата е направена со зборови од google и е корисна кога сакаш да имаш проверка во англиската верзија, бидејќи моментално нема полесен начин да се додаде МК spell check во оваа верзија. Бројот на зборови е ист како и во македонската верзија на FF. Сето ова е во описот на екстензијата.

    Оваа функционалност ми фалеше во англиската верзија во FF. Доколку се обидете преку FF да додадете речник на зборови, тогаш на страната каде што ќе бидете пренасочени нема да најдете Македонски речник.

  3. @Дамјан
    А тој правописот во македонската верзија на FF е исто така направен од Никола или од некој друг, а Никола е задолжен само за екстензијата?

  4. >> Firefox додатокот функционира и во македонската верзија на Firefox. <<

    ако си го користел македонскиот Firefox ќе видеше дека веќе има проверка на правопис :)

    инаку се работи за тој истиот правопис, но овој е препакуван како екстензија

    1. Тnx за забелешката, ќе го тргнам тоа. Инаку користам англиска верзија, а тоа беше споменато во објаснувањето на додатокот. Tnx again.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии