Firefox доаѓа на iOS бидејќи „таму се корисниците“

Firefox наскоро би можел да се најде и на iPhone и iPad, вели „Мора да бидеме таму каде што се корисниците“, твитот на Лукас Блак од Mozilla. Компанијата и официјално на својот блог ја потврди оваа вест, известувајќи дека започнуваат да експериментираат со Firefox за iOS.

Mozilla во својот блог напиша дека „корисниците ни се на прво место и сакаме да им овозможиме независен избор на секоја платформа“, но и дека се во почетна фаза на експериментирање со нешто што ќе им овозможи на iOS корисниците да можат да го искусат Firefox на своите уреди. Претходно Mozilla тврдеше дека нема да издаде iOS верзија бидејќи од Apple не им дозволуваат да го користат сопствениот веб енџин на платформата. Сè уште е нејасно кој попуштил, иако е тешко да се претпостави дека тоа е Apple.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии