Firefox 4 симнат 16 мил. пати за 2 дена, 18.000 пати во Македонија…

Во моментов, скоро два дена од објавувањето, Firefox 4 е симнат над 16 милиони пати. Симнувањата уште продолжуваат, најверојатно додека го читате текстот бројката веќе е сменета, и ќе биде интересно да видиме колку корисници ќе ја симнат новата верзија, која е најпопуларна во Европа каде е симната скоро 7 милиони пати, додека во Северна Америка е симната 5 милиони пати.

Во Македонија пак Firefox 4 е симнат околу 18.000 пати. Интересно најмногу од Карпош (претпоставувам дека е Скопје) околу 8.500 пати, потоа следи Other, па Битола, Прилеп, Охрид, Велес… Крушево е последен на листата со само 15 симнувања на Firefox 4.

Во светот има 400 милиони корисници на Mozilla Firefox. Независно од бројката, некои корисници се преклопуваат, Firefox има околу 30% удел од глобалниот пазар. Конретно во Македонија има над 50%, додека зад неа е Chrome со околу 40+ отсто од .мк пазарот.

5 коментари на “Firefox 4 симнат 16 мил. пати за 2 дена, 18.000 пати во Македонија…

  1. Vo Makedonija ne mozes da pravis tocni statistiki koj od kade e bidejki mnogu sme mesani so internet .
    Nema sekoj grad svoi serveri za internet ,se sto ide preku T-home e od Skopje serveri ,se sto e na One e od Skopje serveri i tn.Znaci 50% od mrezata vo Mk pripagja pod Skopje , 10-20% pripagja na bugarija i da receme deka drugite 30-40% pripagjaat na drugite gradovi .Se slucuva na kompjuter vo Veles ip da ima od Stip ili da receme na kompjuter vo Struga IP da ima od Ohrid.
    Site cifri pretstaveni od Mozilla se samo relativni.

    Inace od prebaruvacot sega za sega sum zadovolen ,nemam nikakvi problemi so nego :)

  2. Не се баш стотина, таква е ситуацијата речиси во цела источна Македонија. Сите кабловски оператори интернет земаат од Бугарија.

    А мене на 150км одалеченост ме брои во Карпош. Тоа се претпоставувам сите Оне корисници :)

  3. Dobro za da bide potocno, treba da objavete deka toa se odnasa na IP adresi, taka da na primer vo kocani 80 % od lugeto imat internet od Bugarija, imat bugarska IP adresa, sto znaci se racuna deka e simnat vo Bugarija ne vo Mkd
    pozdrav

    1. Хмм, кул инфо не го знаев тоа за бугарски интернет. Искрено не прави многу разлика со firefox, во .мк градовите сепак се работи за стотина корисници не менува кој знае колку многу, но за идни истражување е доста добро да се знае тоа.

      Тnx за информацијата mr. Noname.

      1. Kolku za infomacija: Najmaliot paket e so brzina 1M dowload i so nekade 512k upload (video skype super ode), so NEOGRANICEN download, kosta okolu 490 denari meseceno, i natam mozes da si se pazares kako sakas na raka. Interesno e so e WiFi vo celo kocani taka da moze da ti go uklucam za max 2 dena. E sega problem e sto znaes ako napises http://www.google.com ke te rederektira na http://www.google.bg :) i takvi raboti. U najvala raka IP ke ti bide od evropaska unija i veruvaj mi drugi se sodrzinite. :)

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии