Firefox 3.5 сега и на македонски

IT.mk редакција

во Софтвер

{mosimage} Како дел од постојаниот процес на стабилизирање и осигурување на Firefox, Моzilla го објавува Firefox 3.5.1 за GNU/Linux, Windows и Mac корисниците. Оваа верзија, меѓу другите 70-тина јазици, сега е достапна и на македонски јазик, откако се отстранија проблемите кои се појавија со македонската верзија на 3.5, пишува македонскиот Mozilla блог.

За потсетување, официјалната верзија на македонски не беше објавена кога се објави и 3.5 верзијата на прелистувачот. Планираната македонска верзија беше тргната од официјалната листа поради проблем
што ја спречуваше автоматската надоградба на
Firefox 3.5. (Повеќе детали за грешката можете да прочитате тука.)

Во секој случај, проблемот е решен и Mozilla Firefox 3.5.1 сега e достапна и на македонски. Ова е известувањето од македонскиот Mozilla блог.

„На корисниците на Firefox 3.0.11 и 3.5 во следните 24 до 48 часа ќе им биде понудена автоматска надградба, но секако надградбата може и рачно да се аплицира преку опцијата „Најди надградби…“ (Check for updates) во менито „Помош“ (Help).

Повеќе информации за верзијата 3.5.1 на Firefox може да прочитате во белешките за изданието (на англиски).

На корисниците на 2.0 им се препорачува директно да го симнат 3.5.1 од www.firefox.com (или тука за македонската верзија). Верзијата 2.0 на Firefox веќе не се развива и има познати безбедносни дупки кои не се поправени и нема да се поправат.“

{mosimage}



Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии