Firefox 3.0 RC 1 достапен за преземање

IT.mk редакција

во Свет

{mosimage}По завршувањето на долгата бета фаза 3 која требаше да биде последна, но заради разни проблеми беше продолжена во бета фазите 4 и 5, Mozilla конечно се реши викендов да ја објави најновата верзија на еден од најпопуларните веб прелистувачи Firefox, поточно верзија 3.0 Release Candidate 1.

Оваа верзија на сериозната конкуренција на Internet Explorer е создадена на Gecko 1.9 платформа за веб рендерирање и вклучува подобро менаџирање на меморија, подобрени перформанси на самиот прелистувач, зголемена сигурност и подобар интерфејс. Покрај овие очекувани подобрувања, Firefox 3.0 RC 1 има и вградена анти-вирусна заштита, методи за подобро организирање на лозинки, нов менаџер на преземања и досредена интеграција со Windows и OS X.

Последната верзија е достапна за преземање на повеќе јазици вклучувајќи го и македонскиот јазик.

Пред да го инсталирате овој прелистувач потребно е да знаете дека оваа верзија на Firefox 3.0 е овозможена само за тестирање, и постојат голем број на проблеми кои треба допрва треба да се досредуваат. За целосната листа на досега познати проблеми при инсталацијата и користењето на Firefox 3.0 RC 1, кликнете тука.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии