Nokia, Microsoft и Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ) стартуваат лабораторија во која студентите ќе учат за новите мобилни технологии. Развојот на мобилни апликации ќе се фокусира на Windows Phone платформата и на Nokia Asha и Lumia телефоните. Но, креирање на мобилни апликации е само дел од програмата чија цел е да ги мотивира студентите да креираат конкурентни бизниси т.е. стартапи.

„Сакаме студентите да бидат добри претприемачи и да можат да прават пари од знаењето што ќе го добијат на овој факултет.“, вели деканот Димитар Трајанов, кој уште на самите почетоци на факултето, во интервју за IT.com.mk, најави дека ФИНКИ сака да го реши проблемот како студентите од своите иновации да основат реални бизниси.

Оваа лабораторија ќе биде успешна само доколку произведе студенти кои ќе знаат како да реализираат идеја од технички аспект, да ја пласираат во некоја од светските продавници за мобилни апликации, и да знаат како да креираат успешен бизнис план кој ќе ги импресионира инвеститорите.

За да ги мотивираат студентите, претставникот од Nokia за Централна и Источна Европа, Дариус Залевски најави дека ќе го вклучат ФИНКИ во App Campus програмата на Nokia и Microsoft која нуди од 20.000 до 70.000 долари за квалитетни стартап апликации. Програма ќе им овозможи на студентите да се поврзат со ментори и други тимови за развој и дизајн на апликациите за кои треба повеќе експертиза.

(Претставникот на Nokia, г. Залевски ја презентира соработката)

Лабораторијата ќе биде вклучена и во Nokia Developer програмата која ќе понуди техничка поддршка, како поддршка од Microsoft Windows Phone Dev Center, и соодветни софтверски алакти за креирање на апликации, како и пристап до вебинари и други настани за едукација. Програмата нуди и помош при дистрибуција на апликацијата и монетизација од неа преку внатрешни трансакции или вметнати реклами преку Nokia Ad Exchange.

Во проектот е вклучен и Microsoft како екслузивен партнер на Nokia, кој ќе обезбеди пристап до BizSpark програмата која нуди алатки за маркетинг, развој на апликација и дистрибуција.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии