ФИНКИ додатоци за Firefox и Chrome, наскоро ќе има и мобилни апликации

Факултетот за информатички науки и компјутерско инжинерство, или ФИНКИ, обави RSS eкстензии за Firefox и Chrome преку кои може да се следат најновите информации поврзани со факултетот. Екстензиите не се ништо повеќе од RSS фид преку прелистувачот, но се дoволно кул направени за да бидат ефективни и корисни.

Овие екстензии се едни од првите апликации кои ФИНКИ ќе им ги понуди на студентите за полесно да се информираат, вели магистерот Томче Делев кој гo изработи Chrome додатокот.

Додатокот за Firefox е изработен од студентот Горјан Јовановски, или попознат како HijackHacker на форумот на It.com.mk.

„Овие екстензии не се изолиран случај на следење на тековните трендови во ИТ технологијата, туку е само еден мал дел од една огромна лепеза на веб сервиси кои ќе на своите студенти ќе им ги овозможи ФИНКИ како најголем и најсовремен ИТ факултет во Македонија, но и пошироко. Покрај многуте сервиси замислени се и неколку Аndroid и iPhone апликации кои ќе им бидат на располагање на студентите.”

Двете екстензии ќе ги најдете на страната на ФИНКИ, или во соодветните веб продавници.

ФИНКИ сега и со свој Firefox Add-on! Преземете го од кај нас: http://t.co/yi7I8nIf или од Mozilla: http://t.co/ssfYFzZ9
Sep 21 via TweetDeckFavoriteRetweetReply

2 коментари на “ФИНКИ додатоци за Firefox и Chrome, наскоро ќе има и мобилни апликации

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии