FindCreators.io е пребарувач за креатори на содржина од Influencers Club

Пронаоѓањето на соодветни креатори на содржини и инфлуенсери не е едноставно. Потребно е да се потроши многу време за да се прегледаат и пронајдат соодветните креатори, притоа често се поминува повеќе време во преглед на профили кои се несоодветни.

Новиот проект на Influencers Club, findcreators.io ќе се обиде да го олесни овој процес и да овозможи полесно пронаоѓање на најквалитетните креатори. Станува збор за алатка пребарувач која е супер едноставна за користење. Корисникот внесува клучен збор кој го интересира, на пример: мода, технологија, уметност, мода и слично. Пребарувањето има филтер кој овозможува корисникот да бара креатори на содржина со број на публика во одбран опсег, а резултатите можат да бидат презентирани по релевантност или по бројот на следбеници кои го следат каналот. Алатката овозможува и пребарување и на „хаштаг“.

Пребарувачот е корисен за компаниите кои бараат креатори, но овозможува и полесно пронаоѓање на креаторите на содржина, што е од корист за нив. Засега фокус на Find Creators се корисниците на Instagram.

„Сите знаеме дека е потребно време да се пронајдат креатори и колку пари платформите за инфлуенсери наплаќаат за ова. Затоа одлучивме бесплатно да понудиме алатка која го овозможува ова.

Ова е добра можност да посочиме на разликите помеѓу инфлуенсерите и креаторите.

Инфлуенсерите се луѓе чии профили имаат многу следбеници.

Креаторите се луѓе кои поседуваат вештини, но можеби немаат многу следбеници на своите канали на друштвените мрежи.

Инструктор по јога може да биде креатор, а ако има и голем број на следбеници тогаш е и инфлуенсер.

Нашиот фокус се креаторите. Луѓе кои пишуваат, фотографи, актери, артисти, атлети, тренери, танцувачи, шминкери, агенти за недвижности и слично“, вели Никола Соколов основач на Influensers Club, во најавата на Product Hunt.

Ако ви се допаѓа идејата, можете да ја поддржите платформата на ProductHunt.

За активностите на Influencers Club разговараме со Никола Соколов.

Пред неколку години се врати од Сан Франциско да работиш на сопствен проект дали Influencers Club e она што го планираше од тогаш?

Тоа е интересна приказна на 19-ти добив работна виза за Америка, на 21-ви им се јавив дека ќе ја откажам. Секогаш знаев дека сакам да работам нешто свое. Останувањето таму ќе ми зависеше од редовно вработување во некоја компанија, а тоа не го сакав. Плус, тогаш веќе почнавме да добиваме „тракција“ си Influencers Club, а „непознатото“ ми беше многу повозбудливо од тоа да знам однапред што ќе ми биде животот.

Што всушност е Influencers Club?

Influencers Club е место каде лесно може да најдеш креатори од било која област и сфера. Ние типуваме дека „креатор“-економијата ќе развива сѐ повеќе и повеќе во наредните години и дека ќе биде новото b2b. Како што сега има b2b intelligence за луѓето што работат технологија, маркетинг и слично, истото ќе треба на пазарот да се понуди и за креатори

Како FindCreators.io се вклопува во оваа „приказна“?

Ова е само мал дел од тоа што може ние да го правиме како „stand-alone“ продукт.

Наменет е за поголем дел од луѓето, кои не бараат којзнае колку да можат да го најдат она што им е потребно без да плаќаат.

Find Creators е и проект кој ни помага да ја зголемиме нашата видливост на Product Hunt и да привлечеме дел од луѓето за да ја зголемиме нашата „публика“.

Неодамна дознавте дека ќе бидете дел од Station F акцелераторот, што ќе ви овозможи ова? Кои се плановите за иднина?

Не знам дали е акцелератор Station F, не знам како што се водат, ама е најголемиот кампус на стартапи.

Во принцип ќе ни овозможи да се дружиме со луѓе од нашата област. Тука главниот проблем со околината е што нема многу луѓе во стартапи и нема многу луѓе кои градат сопствен продукт. Заедницата ќе биде на многу, многу подруго ниво бидејќи таму има и големи компании. Ќе може да влеземе во многу поголем екосистем од оној во кој сме моментално.

Не сакам да планирам премногу однапред за иднина, но ако се биде како што треба имаме шанса како тим да се преселиме во Франција.

1 коментар на “FindCreators.io е пребарувач за креатори на содржина од Influencers Club

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии