Инаку Daily Mail, односно Daily Mail and General Trust (DMGT групација) се агресивно активни на балканскиот онлајн пазар. Тие држат 25% од популарниот Infostud, сајт за наоѓање работа, и претходно го имаат купено Posao.ba, најголемиот сајт за барање работа во Босна и Херцеговина.

Во Хрватска во сопственост на DMGT е и хрватскиот Moj-posao.net, исто така популарен сајт за барање работа, како и In!Media групата која менаџирa популарни сајтови во Хрватска како друштвената мрежа Тulumarka.com и сајтот за автомобили 4kotoca.net и многу други.

Другата вест што беше објавена деновиве е дека хрватскиот Shout’em, откако се престави јавно на LeWeb ’08, доби инвестиција вредна 350.000 евра од Business Innovation Centar of Croatia (Bicro Ltd). За Shout’em пишувавме претходно кога ги прегледавме start-up компаниите за LeWeb
и воопшто не изненадува оваа вест ако се земе в предвид дека Shout’em како сервис за микро-блогирање кој најчесто се користи од компании и институции, да добие финансиска помош од Bicro Ltd. што е всушност дел од владата на Хрватска, спонзорирана компанија со 30 милиони евра за поддршка на иновациите и технологијата.

Со тие инвестиции компанијата Pet Minuta, што стои зад проектот, ќе ги намалат цените за премиум услугите за 50% и планираат да развијат Shout’em
апликација за мобилни телефони што работи на iPhone и Android платформата.

„Во времето на рецесија, Јужноисточна Европа реши да инвестира во ИТ и веб иновации. Дали може Shout’em да биде во регионот тоа што финските start-up компании беа на балтикот? Се надеваме“ пишува на Shout’em блогот, каде се пишува дека идејата за инвестирање на израелските и финските фондови во време на рецесија произвела гиганти како Nokia.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии