Финалето на Game of Thrones е најпиратираната епизода за 2013-та

Game of Thrones ја освои „наградата“ за најпиратирана серија во 2013 година. Серијата ова признание го освојува втора година по ред, откако лани го презеде првото место од Dexter. Податоците кои ги споделува Torrentfreak покажувааат дека оваа година бројот на торент-преземања на последната епизода од сезоната, 5.900.000, е поголем од бројот на гледачи во САД, 5.500,000. Сепак на продуцентите на шоуто не им пречи пиратирањето, па дури на пиратирањето гледаат како на одличен начин на рекламирање. Директорот на HBO Џеф Бивкс отиде чекор понатаму и изјави дека да се биде најпиратирано шоу е подобро од Еми награда.

На листата на најпиратирани повторно се најдoa и Breaking Bad со 4.200.000 превземања и Walking Dead со 3.600.000. Претходно Game of Thrones го сруши и рекордот со 170.000 корисници кои споделуваа иста епизода истовремено. На листата нема податоци од сервисите кои стримаат серии во живо или од сервиси како MediaFire и RapidShare што значи дека бројот на пиратирање е всушност и поголем од 5.900.000 кои се појаввуаат во извештајот. За огромната пиратираност на шоуто може делумно да се обвини и телевизијата HBO која сака шоуто да биде ексклузивна содржина, одбивајќи го обидите на Netflix да го донесе шоуто на својата програма.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии