Финале во League of Legends наполни цел стадион

Е-спортот се искачи рамо до рамо со фудбалот во Јужна Кореа. Над 40.000 фанови ги преполнија трибините на стадионот во Сеул за во живо да го следат финалниот натпревар на 2014 League of Legends World Championship. Стримот во живо го проследија 32 милиони гледачи од целиот свет. За титулата најдобар во светот и награда од еден милион долари се напреваруваа Star Horn Royal Club од Кина и тимот на Samsung White, кои се победници во финалниот натпревар. Samsung покрај на шампионскиот тиме е спонзор на уште неколку други тимови кои учествуваа на натпреварот.

Можеби гледаноста на финалетo не треба да не изненади со оглед на тоа дека League of Legends е една од најпопулрните игри која секојдневно ја играат 27 милиони играчи. Успехот на Riot Games, креаторите на League of Legends, е што се одлучија за „free to play“ модел во кој играчите можат да ги купат хероите без да потрошат пари, но за персонализација – промена на изгледот играчите треба да ги купат моделите (skin) за реална валута.

League of Legends заедно со DotА 2 се можеби двете игри кои успејаа да го популаризираат е-спортот речиси на ниво на традиционалните спортови. Така се појавија универзитети кои даваат стипендии за е-спорт, САД ги поистовети е-спортистите со спортистите кога е во прашање виза, наградните фондови вртоглаво растат, а секако тука се и телевизиските преноси и посетата на натпреварите во живо.

[youtube]GTx2HL02-dU[/youtube]

1 коментар на “Финале во League of Legends наполни цел стадион

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии