Final Fantasy 14 најави нова експанзија

За време на овогодишниот Final Fantasy 14 Fanfest се најави новата голема експанзија. Насловена Shadowbringers, проширувањето ветува дека летово ќе им дозволи на играчите да се втурнат во значително по мрачна приказна, целосно нова зона за истражување, неколку нови класи, како и долгоочекуваниот Blue Mage.

Shadowbringers ветува одговори на бројни прашања кои ги мачат умовите на гејмерите уште од 2013 година. Во експанзијата конечно ќе може да се отпочне воената кампања против царството Garlea. Таквото нешто доаѓа со цена, и играчите ќе мора да го свртат грбот на светлината и да станат воини на мракот. За да дознаете што би можело ова да значи нема да мора да чекате до летото. На почетокот на 2019 година се очекува да стапи на сила закрпата 4.5. Примарната цел е да проба да ја пополни празнината помеѓу моментното проширување Stormblood и Shadowbringers. Надополнувањето ќе ја овозможи работата Blue Mage, како и неколку други таканаречени „работни професии“. На располагање имате и нова раса, која, моментно, се држи во тајност.

Ова е само дел од работите кои ќе бидат воведени со експанзијата. Паралелно со ова, ќе имате на располагање можност за преигрување на главните мисии на значително повисока тежина. Trust системот, пак, значително ќе им ги олесни маките на оние кои се повеќе по соло искуство и ќе им дозволи да регрутираат NPC ликови. Згора на ова, ќе добиете девет нови зандани, како и рејд.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии