Final Fantasy 11 слави 16 години постоење со бројни настани и попусти

Надалеку познатата ММО игра, Final Fantasy 11, излезе уште во далечната 2002 година и, низ годините, бележи константни надополнувања и експанзии. Final Fantasy 11 е една од ретките ММО игри да по толку време и понатаму тврдоглаво инсистира на купување на играта, а потоа и на месечна претплата од 10 евра. Со цел да се одбележат 16 години од нејзиното постоење, како и да се привлечат повеќе нови и стари играчи, издавачот Square Enix организира бројни настани и попусти во месецот мај.

Првиот настан се вика Discount Campaign и е замислен да им ја понуди Ultimate Collection Seekers Edition за само 10 долари. Ова е колекција од основната ММО игра како и сите експанзии кои имаат излезено за играта. Оние кои пак ја имаат купено основната игра, за доплата од 5 долари, можат да ја добијат експанзијата Seekers of Adoulin. За ветераните, пак, услугата за менување светови (world transfer) е двојно поевнина, односно од 18 долари на 8 долари. Во цената имате вклучено 30 дена пристап до играта. По истекот на месецот, мора да се претплатите доколку сакате да продолжите со престојот во овој ММО свет. Настанот Discount Campaign започнува на 16.мај и трае до 31.мај.

Од 16 до 28 мај, меѓутоа, сите претходни сопственици на играта ќе можат бесплатно да ја проверат играта, без да плаќаат претплата. Во оваа кампања, наречена Return Home to Vana’diel Campaign, бесплатниот престој се овозможува на сите на кои им завршила претплатата до 13.мај.

Сите играчи добиваат двојно повеќе искуство и корисни податоци на крајот од секоја недела за време на промотивниот период.

Final Fantasy 11 е добра игра, но е и исклучително стара. Иако имаме убави спомени со играта, а серверите и се до ден-денес пополнети, тешко дека би можеле да ви препорачаме да дадете 600 денари за нешто што можете да играте само месец дена, а потоа, доколку сакате да продолжите, задолжителна е дополнителна претплата. Наместо тоа, кога веќе би давале пари можеби не е лошо да ја пробате помодерната и, во бројни аспекти, посупериорната FINAL FANTASY XIV Online чија цена е исто така 10 евра и доаѓа со 30 дена претплата.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии