Филмските криминалци не можат да користат iPhone

Пред да продолжите со читање да ве предупредиме дека овој текст може да ви уништи куп филмови. Ова најмногу се однесува на филмови во кои негативците треба да останат скриени до крајот на филмот, на пример Knives Out на Рајан Џонсон.

Apple не им дозволува на филмските студија во своите филмови на антагонистите да им дадат да користат iPhone.

„Уште една интересна работа. Не сум сигурен дали треба да го кажам ова. Не бидејќи е сексуално, туку може да ми биде проблем во следниот филм. Но ќе кажам, сепак е многу интересно…

Apple ви довозлува да користите iPhone во филмовите, но, а ова е многу важно ако гледате филм со скриен антагонист. Лошите момци не можат да имаат iPhone во филмовите“, откри режисерот Рајан Џонсон, во интервју за Vanity Fair.

Во „Knives Out“ на пример има многу актери кои се осомничени и користат iPhone. Но антагонистот во ниеден момент од филмот не допира iPhone.

1 коментар на “Филмските криминалци не можат да користат iPhone

  1. Ова не е никаков проблем. Јас едноставно на сите во филмот би им дал Андроид телефони и така нема да има хинт кој е лошиот. Исто така, популарноста на iPhone би опаднала, бидејќи никој во ниту еден филм не го користи – што е одлична вест. Win-win ситуација. После може ќе дозволат, ама паметен режисер, после ова, никогаш веќе не би снимил iPhone во филм.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии