Филмски трејлери промовирани ексклузивно во QR кодови

QR кодовите се веќе составен дел од промотивните активности на големите светски компании. Прашање на време беше кога филмските студија ќе започнат да ги имплементираат QR кодовите при рекламирањето на своите нови филмски хитови. Fox Searchlight е првото филмско студио кое за промоцијата на својот филм Martha Marcy May Marlene направи голема QR кампања.

Студиото постави QR кодови на сите промотивни материјали, како што се постери, флаери, штандови, и билборди. Во QR кодовите се наоѓаат два различни трејлера за филмот кој беше еден од фаворитите на годинешниот Sundance фестивал. Според Fox Searchlight ова е прв случај едно филмско студио ексклузивната премиера на трејлер да ја промовира во QR код. Тематиката на филмот Martha Marcy May Marlene е прилично тешка, и маркетинг тимот кој стои зад промоцијата на овој филм на креативен начин го има кренато интересот за овој филм.

QR кодовите во последно време се забележливи и кај нас, особено интересен пример за нивната примена беше кампањата Срце за Јапонија, која имаше за цел да се даде подршка за Јапонија која беше зафатена од катастрофален земјотрес и цунами. Оваа QR кампања е дело на  Калина ЗографскаКристијан Ивановски и Ива Дујак. Други интересни македонски примери за примена на QR код има во сметките на EVN Македонија, во салоните на мобилниот оператор VIP, на влезот на Caramelo, и многу други места.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии