Секоја година од ребрендирањето на International Soccer Superstar во Winning Eleven односно Pro Evolution Soccer како што е позната фудбалската франшиза на Konami, љубителите на фудбалот насекаде прават споредба помеѓу оваа игра и малку попопуларната FIFA. И покрај тоа што критиката вообичаено е понаклона кон EA Spots, и на нивниот серијал му дава подобри оценки, гејмерите скоро без исклучок се на страна на Pro Evolution Soccer.

Оваа година можеби за прв пат двете игри се на слично ниво на квалитет. Кој е вашиот фаворит?

Графички и двете игри се подеднакво квалитетни, со тоа што нешто подобра е FIFA 12 , главно заради анимациите кои ги имаат за удари, дриблизни, шутеви и слично. Во Pro Evolution Soccer 2012 е подобрен овој дел, но сега за сега нивните анимации се поназад од тие на FIFA. Ликовите на фудбалерите со одлични и кај двата наслова, можеби и во овој дел нешто подобри се кај FIFA, меѓутоа разликата не е и толку важна со оглед на тоа дека деталите ќе ве воодушевуваат единствено на „забавените снимки“. Квалитетот на стадионите е идентичен, со тоа што размерот на стадионот на FIFA некако ми изгледаше проблематичен. Најголемата предност која FIFA 12 ја има пред PES 12 во техничкот дел е музиката, додуше ни кај FIFA музиката не е бог знае што, ама барем не посакав да оглувам под влијание на истата.

Што се однесува до гејмплејот и Konami и EA Sports ја имаат направено играта прво за конзола, a после за PC, па играњето на тастатура не само што е тешко, туку и го намалува квалитетот на играње. Затоа обавезно најдете си џоистици за PC.

Во FIFA е значително подобрена играта во одбрана. Благодарение на новиот „Impact Engine“ кој го промовираа ударите изгледаат пореално, меѓутоа понекогаш ударите предизвикуваат ланец на судири, па ќе бидат извор на „забава“ сами по себе. Една од грешките која не е поправена од пред 10 године е ситуацијата во која при изведување на гол аут некој од противничките фудбалери ќе ја собере топката и ќе ви постигне ефтин гол.

Темпото на FIFA e пребрзо, но тука се подесувањата, и некој од клубовите сè уште се направени пресилни во однос на конкуренцијата, на пример: можеби Барселона и се најдобриот клуб во светот, ама Педро сигурно не е во најдобрите 30 фудбалери. Вестите кои пристигаат во играта, се исто така забавни, па на пример ако го оставите Суарез неколку мечеви на клупата за резерви, можно е да „даде“ интервју во кое ќе го покаже своето незадоволство.

Гејмплејот на PES 12 е подобар од тој на FIFA, темпото на играње е забрзано од претходниците сепак сè уште е побавно од FIFA, што некако изгледа пореално. Можеби е до мојот начин на играње ама брзината има преголем удел во постигнувањето на голови, па постигнувањето голови со Валкот е многу полесно отколку со Руни. Новитетот контролирање на соиграчи изгледа добро, но потребно е подолго време за да се навикнете и да го усовршите.

Одбраната е поправена и во PES 2012 каде сега наместо да држите едно копче и да го мавате постојано играчот со топка, сега гејмплејот бара да го користите копчето за поставување пред играчот за да му го ограничите просторот за дриблинг, и потоа во право време да го искористите другото копче да се обидете да му ја земете топката.

Еден од најголемите проблеми сè уште е немањето на авторски права за фудбалерите и за клубовите, преименувањето навистина е можно ама сепак ќе ви одземе време, а потребно е и да знаете на кој клуб или фудбалер мислеле. Најдобро решение за ова е да се користат закрпите креирани од корисниците.

Која од двете игри е подобра главно ќе зависи од вас. Ако сакате подобра графика сигурно FIFA 12 е подобар избор. Ако пак сакате фудбал кој е поблизок до големите терени најверојатно подобар избор ви е PES 12. Што се однесува до мене, се додека наместо Ливерпул името на клубот е Merseyside Red од ирационални причини ќе тврдам дека FIFA е најдобрата фудбалска симулација.

[poll id=”20″]

2 коментари на “FIFA 2012 vs PES 2012

  1. epa mislam deka za na tastatura podobra e fifata a za na ps2 t.e. za na dzojstik pes e nezamenliv…inace bi gi igral i dvete igri, fifata mislam deka e poveke za single igranje, t.e. da sednes i da igras menager mode a pes e za da se soberete nekolku dusi i na ps2 da kcate 2-3 casa :)))

    inace sevkupno mislam deka fifata e podobra (iako glasav za pes)…
    glasav za pes bidejki mislam deka gejmpejot e podobar iako e so pomalku efekti…
    kako i da e i dvete igri se super!

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии