Прво што треба да направите е да го подесите BIOS-от да бутира прво од CD/DVD а после од другите медиуми. Откако ќе го направите тоа, едноставно ставете го Fedora CD-то и рестартирајте го компјутерот. После вчитувањето на CD-то ќе ви се појави овој екран:

Кликнуваме на првата опција. Потоа почнува да се вчитува системот, а тој процес изгледа вака:

Времетраењето на вчитувањето на системот зависи од конфигурацијата на вашиот компјутер но не би требало да биде предолго. Откако ќе се вчита првото нешто што ќе не праша е дали сакаме да го провериме CD-то за некоја грешка. Ова е ставено како мерка на претпазливост, доколку е оштетено CD-то ќе пријави грешка во овој случај, подобро да проверите сега отколку кога ќе бидете на пола инсталација да заглави и ништо не сме направиле. Еве слика од тој дел:

Јас ќе одберам да се провери за секој случај, значи кликнуваме ОК па TEST и почнува тестирањето:

Откако ќе се провери CD-то и нема никаква грешка ќе ни се појави информација дека CD-то е добро и дека од него може да се инсталира:

После кликнување на ОК, CD-то ќе излезе, но не грижете се, тоа е во случај да сакате да тестирате други медиуми. Едноставно затворете го повторно CD ромот (со CD-то во него се разбира) и кликнете CONTINUE. По ова, почнува да се вчитува X серверот кој ќе ни даде убав GUI пред нас за полесна инсталација на Fedora.

Кликнуваме NEXT и прво нешто за што ќе не праша е за одбирање на јазик за текот на инсталацијата и за одбирање на соодветниот модел на тастатура (се мисли на кој јазик и каква е распоредбата на копчиња, ако не сте сигурни тука само кликнете NEXT).

Следно што ни доаѓа на ред е да направиме партиција на која ќе можеме да го инсталираме Linux-от и една SWAP партиција. Значи овде ќе селектираме „Create custom layer“ и ќе кликнеме на NEXT:

Ќе ни се отвори следново:

Кај мене бидејќи имам празен HDD нема никаква партиција, но кај вас може да има, значи ако ви е полн хард дискот, т.е. немате празно место, со помош на алатките за едитирање скратете некоја партиција и направете две, една ќе ни е главна и ќе е со ext2 формат а другата ќе ни е SWAP партиција која служи за запишување на податоците од RAM меморијата на таа партиција во случај на недостиг на меморија. Разберете ја SWAP партицијата како RAM на хард диск и пожелно големината на оваа партиција да е двапати поголема од големината на RAM меморијата што ја имате на компјутерот. После средување на овој дел, кај мене изгледа вака:

Внимавајте на главната партиција mount point да специфицирате како „/“;. Одиме NEXT.

Следен чекор е инсталирање на boot loader, значи ако имаме Windows или друг Linux овде boot loader-от автоматски ќе се конфигурира, но доколку не се конфигурира сам, кликнуваме ADD и ја местиме партицијата на која ни е инсталиран другиот оперативен систем.

Следно доаѓа конфигурирањето на мрежа, доколку имате директна конекција на интернет а не преку рутер или свитч, т.е. ако компјутерот е директно поврзан со модемот овде кликнете NEXT.

Доколку не е кликнуваме на EDIT, одбираме IPv4/manual и ја местиме локалната IP т.е. IP адресата на компјутерот и Netmask. Кликнуваме ОК, потоа го пишуваме хост името на компјутерот (Set Hostname), и ги пополнуваме информациите за Gateway, DNS1 DNS2.

Одиме потоа на NEXT, сега треба да ја одбереме нашата временска зона, со помош на глувчето и со опциите за Zoom најдете го Скопје и кликнете на него и истовремено ја исклучуваме опцијата „System clock uses UTC“.

Сега е време да ја наместиме root лозинката и кликнуваме NEXT.

Во следниот чекор одбираме за што ќе го користиме овој оперативен систем, дали за домашна употреба, за развој на апликации, за веб сервер или… Јас ќе одберам Office and Productivity.

Значи ова е крајот на нашата pre-install конфигурација, кликнуваме NEXT и почнува инсталацијата.

Процесот на инсталација исто така зависи од конфигурирацијата на вашиот компјутер. Јас го инсталирам на компјутер; со 256 RAM меморија.

Откако ќе заврши инсталацијата CD-то автоматски ќе излезе и ќе се појави текстот „Congratulations“. Кликнете на reboot за да го рестартирате компјутерот и да го бутирате ново инсталираниот оперативен систем.

Сега ќе ни се појави другиот дел од инсталацијата каде што ќе ги средиме деталите како firewall (заштитен ѕид), нормален корисник, времето и т.н.

Следниот чекор е лиценцата, и информации за неа.

Третиот чекор е за огнениот ѕид. Под зададено во табелата SSH (Secure Shell) ќе биде уклучено, но доколку го користите компјутерот како десктоп компјутер за нормални работи (интернет, музика , слики) би ви препорачал да го исклучите. И се разбира, Firewall: Enabled. Кликнуваме Forward и одбираме сетинзите да се зачуваат.

Следен чекор е конфигурирање на SELinux. Ова се еден вид на полиси за безбедност. Јас во овој случај го оставив како што е.

Потоа наидуваме на местење на времето и датумот. Доколку сакате да го превземате сегашното време од специфичен интернет сервер за време, кликнете на Network Time Protocol и подесете ги потребните барања.

На следниот чекор ќе можеме да го видеме нашиот хардверски профил и сите уреди кои ги имаме приклучено на компјутерот.

Финалниот чекор е за создавање на нормално корисничко име преку кое ќе работите на вашиот Fedora компјутер. Доколку вашиот компјутер е дел од некоја мрежа каде што има еден централен сервер за контрола на корисниците на сите компјутери ќе треба да подесите Network login.

Кликнуваме Finish и ќе ни се појави Login прозорецот за да се логираме во системот.

Толку. Со среќа со користењето на вашиот нов оперативен систем.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии