Fedora 9 спремна за бета

IT.mk редакција

во Свет

{mosimage}Денеска Fedora 9 беше објавена за бета тестирање. Бета тестирањата се периоди во кои создавачот на софтвер го доставува својот програм до корисниците кои го тестираат и сите пронајдени недостатоци, забелешки ги препраќаат до создавачот со цел тој да ги имплементира во завршната верзија. Бета тестирањата се извршуваат со цел на побрз и поевтин начин да се пронајдат грешки    и недостатоци во програмите.

Бета периодот настапува по Алфа периодот во кој софтверот е достапен само за создавачите. По Бета доаѓа периодот за прегледување од поголема група на луѓе отколку во бета периодот по што следи финалната верзија.

Fedora 9 бета верзија вклучува:

– GNOME 2.22 со нови можности како преглед на светски часовници, подобри перформанси на фајл системот, сигурносни подобрувања, подобра регулација на трошењето на електрична енергија, можност динамично да конфигурирате дисплеј, подобрена Bluetooth интеграција и многу други
– KDE 4.0.2 вклучува нов десктоп и панел со многу нови концепти, интегрирано пребарување, целосно нов визуелен стил наречен Oxygen, нов мултимедиален API наречен Phonon, и нова конструкција за интеграција на хардвер наречен Solid
– Firefox 3 Beta 5
– Поддршка за менување на големина на ext2, ext3 и NTFS партиции при инсталација
– Поддршка за создавање и инсталирање со енкриптирани фајл системи
– PackageKit
– Кернел 2.6.25-rc5

{mosimage}

Како и голем број на други подобрувања кои можете да ги прегледате во официјалното соопштение на Fedora.

За да ја превземете Fedora 9 Beta ги имате следниве опции:
– BitTorrent
– Jidgo
– Директен линк

Линковите за горенаведените методи се достапни тука.

Fedora е линукс базиран оперативен систем и е достапен на секого да го користи, модифицира или дистрибуира. Проектот Fedora е спонзориран од Red Hat и е развиван од голема заедница на луѓе кои се залагаат да го овозможат најдоброто без пари и поддржуват софтвер со отворен код и отворени стандарди.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии