FBI уапси пет члена на LulzSec со помош на лидерот на хакерската група

Им ги сечеме главите на LulzSec, вели FBI откако утринава уапсија пет члена на озогласената хакерска група LulzSec.

Групата стана позната откако во 50-дневен период од мај до јуни 2011-та година направи хаос во сајбер просторот пробивајќи куп сајтови на институции и компании, меѓу кои и сајтовите на CIA, Sony, eBay, американскиот Конгрес и други. LulzSec е тесно поврзана со хакерите-активисти Anonymous, со кои соработуваа да срушат некои сајтови.

Според Fox News, на FBI во истрагата им помогнал водачот на групата, 28-годишниот невработен татко на две деца, Хектор Хавиер Монсегур од Њу Јорк, попознат во хакерските кругови како Sabu. Тој се изјасни како виновен за пробивање на веб сајтови на неколку компании.

Извор близок до Sabu вели дека хакерот бил откриен и уапсен тајно од FBI уште во август, по што започнал да соработува со нив, обезбедувајќи им информации и траги во период од неколку месеци.

Според изворот, петмината уапсени утринава се Рајан „Kayla” Акројд и Џејк „Topiary“ Дeјвис од Лондан, Дарен „pwnsouce” Мартин и Донча „palladium” О’Чеарбхал од Ирска и Џереми „Anarchaos” Хамонд од Чикаго.

Хамонд е осомничен и за пробивање на безбедносната компанија Stratfor чии милиони имејлови неодамна беа објавени од Wikileaks. Тој ќе добие посебни обвиненија бидејќи се осомничи како член на Anonymous. Сите други се членови на LulzSec.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии