FBI тврди дека странски хакери го пробиле електронскиот систем за избори

Неколку месеци пред изборите во САД, Федералното истражно биро објави дека хакери пробиле две бази на податоци, поврзани со софтверот за избори. Пробиени се бази на податоци со избирачите од Илиноис и Аризона. Загрозени се податоци од околу 200.000 избирачи, јави Chicago Tribune.

Проблемот е поголем, па претставници на Националната агенција за безбедност, ја понудија својата експертиза на претставниците на изборната комисија. Податоците кои се споделени велат дека нападите се од јули; во овој период иако страниците се исклучени, напаѓачите сепак успеале да преземат податоци за 200.000 гласачи.

Според IP-адресите користени во двата напади, најверојатно станува збор за поврзан настан. Адресите од кои се извршени нападите претходно се поврзани и со руски хакери, вели Рич Баргер од безбедносната компанија ThreatConnect, за Yahoo News. Веста ја потврди и претставникот на изборната комисија од Илиноис. Тој вели дека од бирото му потврдиле дека станува збор за странски хакери.

Засега не е позната причината за нападите. Можно е сепак да станува збор за сајбер криминал и напаѓачи кои сакаат да ги продадат податоците.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии