FBI се сомнева во руски сајбер напад врз Демократите

Американското Федерално истражно биро (FBI) ја потврди веста дека го истражуваат сајбер нападот врз серверите на Демократската партија, пренесе CBS News. „Во моментов разгледуваме колкав е обемот на нападот“, велат од FBI. „Ова е сериозен проблем и ние ќе продолжиме да го истражуваме и ќе ги пронајдеме виновниците кои се закана во сајбер просторот“.

Во украдените документи, кои се објавени во петокот се 19.000 електронски пораки, и според коментарите на медиумите, во дел од писмата може да се насети заговор против противникот на Хилари Клинтон, Берни Сандерс. Вообичаено електронска пошта во волкав обем е споделена на Wikileaks, и засега нема податоци за кој го хакирал серверот и кој ги споделил податоците. Менаџерот на кампањата на Клинтон шпекулира дека станува збор за руски хакери кои сакаат да победи Доналд Трамп, но за ова нема никакви докази.

Единствениот показател дека можеби станува збор за руска група доаѓа од безбедносната компанија Crowdstrike. Тие тврдат дека сајбер нападите доаѓаат од две групи „Cozy Bear“ и „Fancy Bear“, а овие групи претходно се поврзани со руската влада. Она што можеби е позагрижувачко е дека прогнозите велат дека нападите ќе продолжат и во кампањата, сѐ до изборите во ноември.

Руските власти повеќе би ги сакале Доналд Трамп на чело на САД поради најавите за помал интерес во НАТО и ЕУ доколку тој дојде на власт, но она што го зборува г. Трамп во кампањата речиси без сомневање ќе биде заборавено доколку победи на изборите.

Засега единствена жртва на споделената електронската комуникација е Деби Васерман, лидер на DNC, која поднесе оставка на оваа позиција, речиси веднаш по објавувањето на комуникацијата.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии