Американското Федерално истражно биро објави документ во кој ги повика ИТ компаниите да креираат апликација која ќе собира информации од Facebook, Twitter и другите друштвени мрежи. Според FBI, апликацијата ќе им служи како предупредувачки систем за можно домашни и глобални закани.

„Друштвените мрежи станаа примарен извор на информации бидејќи станаa главната алатка за брзи реакции на важни настани и алатка за предупредување на можни ситуации.“

Друштвените мрежи се добар извор на информации бидејќи ги содржат извештаите од очевидците и од службите за прва помош кои први ќе се појават. Според FBI, друштвените мрежи се покажаа како добра алатка за комуникација во кризна ситуација за полицијата, новинарите и пожарникарите.

Една од интересните нешта што FBI бара од апликацијата е да може да ја предвиди индината. Не буквално, се разбира. Според FBI, апликацијата ќе им помогне и да предвидат идни случувањеа, односно ќе можат да следат информации за настани што треба да се случат.

Во објавениот документ се вели дека апликацијата ќе собира „оpen source“ информации и ќе треба да им обезбеди на аналитичарите:

  • автоматско пребарување низ друштвените мрежи, вклучувајќи Fаcebook и Twitter;
  • креирање на пребарување со нови клучни зборови (keywords);
  • да прикажува различни нивоа на опасности на мапи, користејќи различни препознатливи бои. Препорачливо е да се користат Google Maps 3D или Yahoo Мaps;
  • собирање широк опсег на домашни и глобални податоци за тероризам;
  • преводи во реално-време на твитови од странски јазици на англиски.
Ваквата апликации наиде на критики од организациите кои се залагаат за онлајн приватност, бидејќи е можно FBI да ја искористи алатката да ја наруши дигиталната слобода. Една од причините за стравување дека FBI ќе собере повеќе лични информации од тоа што им е потребно е што ако еден корисник стана сомнителен и е мета на набљудување, тоа ќе може да значи дека и сите негови пријатели ќе бидат набљудувани.

Со SOPA, ACTA, и вакви апликации, 2012-та само што се претвори во „1984-та“.

[youtube]Z4rBDUJTnNU[/youtube]

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии