ФБИ предупредува: Паметните играчки можеби ве следат

Image courtesy of Fisher-Price

Паметните играчки за деца доаѓаат со куп нови сензори – камери, микрофони, GPS, Wi-Fi или Bluetooth се почесто се дел од играчките.

Сензорите често ги прават играчките поинтересни, но еден од преоблемите е што овие сензори можат да се користат и за следење. Следењето на децата е посебно проблематично, но овие играчки можат да се користат и за прислушување на возрасните.

„Пристапот до овие овие податоци може да креира можност за крадење на идентитетот на децата. Дополнително потенцијалната злоупотреба на податоците, пример GPS локацијата, визуелните идентификатори од слики и видиеа, одамна се користат за здобивање на довербата со децата“, велат од Федералното истражно биро.

Иако предупредувањето на FBI се однесува за САД, овие играчки ја имаат истата финкционалност насекаде. Така ако вашето дете си игра со некоја паметниа играчка не е лошо да бидете повнимателни.

За играчките важат истите препораки како и за останатите паметни уреди. Сопствениците треба да користат покомплексни лозинки и секогаш кога не се користат играчките треба да бидат исклучени, вели Next Web.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии