FBI ќе ги следи криминалците со камери кои препознаваат лице

Lockheed Martin Transport & Security Solutions и IBM соработуваат на проектот за идентификација на FBI кој ќе чини една милијарда долари. Новиот хардвер и софтвер ќе ги собира податоците од камерите и барем на хартија, најавата е дека ќе ги следи криминалците и осомничените за тероризам.

NGI (Next Generation Identification) е проект на FBI и примарна цел треба да биде намалување на криминалот и опасноста од тероризам. Новата генерација ќе се прошири и покрај препознавање на отпечатоци од прсти ќе препознава и отпечатоци на дланка, ирис, препознавање на ликот и говорот и ДНK анализа. Датабазата за препознавање на ликови ќе биде готова во 2014 година, пишува phys.org.

Според Gizmondo, софтверот кој ќе се користи е сличен, но далеку пософистициран од технологијата која се користи на Facebook и iPhoto. Полицајците ќе можат на брзина да  проверуваат низ фотографиите во нивните податоци. Вистинска сила системот ќе ја добие со интегрирање на CCTV камерите.  Камерите се се поефтини и поквалитетни, како последица на ова се инсталираат на секој агол, доказ за ова се и неверојатни 3.700 камери само во метрото на Њујорк. Сепак, иако оваа бројка изгледа голема, рекордер во поставени CCTV камери е Велика Британија со една камера на секој 14 жители.

Технологијата значително ќе и ја олесни работата на полицијата и сигурно ќе помогне за намалување на криминалот, дури можеби и во некој случаи и пред криминалот да се случи. Сепак системот изгледа и како одлично „оружје“ за злоупотреба. Што ќе се случи доколку се зголемат овластувањата на агенцијата за следење на граѓаните? Иако изгледа претерано не сум сигурен дека ќе успееме да ги избегнеме замките кои ги поставува одговорноста на волку софистицирано следење за да не завршиме во ситуација која во екстремен случај ќе наликува на Орвеловата 1984.

1 коментар на “FBI ќе ги следи криминалците со камери кои препознаваат лице

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии