FBI и уште седум земји стопираа scareware шема од 72 мил долари

Запленетите scareware серверите хостирале веб страни кои криминалците ги користеле да го исплашат корисникот дека неговиот компјутер е заразен со вируси и дека мора да купи „оригинален“ софтвер. Лажниот софтвер се наоѓа на сајт кој наликува на тој на кредибилни анти-вирус компании, често самиот софтвер наликува на кредибилни анти-вируси, што му дава малку лажна доверба на корисникот да плати за програмот.

За многумина оваа измама е банална, но се проценува дека скоро еден милион корисници инсталирале лажен софтвер од таа scareware шема и предале по 129 долари за лажниот анти-вирус.

Латвиската полиција во рацијата откри пет банкарски сметки преку кои криминалците ги префрлале милионските суми, и уапсија двајца латвиски државјани, Петерис Сахуровс, 22, и Марина Маслобојева, 23, кои се осомничени дека воделе шема со реклами. Обвинетите купувале место за соодветни реклами по разни кредибилни сајтови кои подоцна ги променувале во реклами кои се обидувале да го заплашат корисникот да кликне на нив и да инсталира лажен софтвер.

Откако ќе се кликне на таа реклама, корисникот е бомбардиран со поп-ап пораки кои велат дека има вирус и дека тој вирус ќе се исчисти ако се купи „оригинален“ анти-вирус. Двајцата обвинети собрале дури 2 милиони долари.

(via Reuters)

1 коментар на “FBI и уште седум земји стопираа scareware шема од 72 мил долари

  1. Јас за жал се излажав пред некоја година со ова…
    Иако го форматирав компјутерот, вирусот се пренесе на сите партиции, USB-а и сл., цела недела не можев да го вратам во нормала :S

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии