FBI го упаси основачот на црниот пазар Silk Road

После неколку години обидувајќи се да се инфилтрираат во подземниот веб сајт за продажба и купување на нелегални добра, неколку FBI агенти во текот на вчерашниот ден го уапсија основачот на Silk Road, Рос Улбрихт. Проектот кој 29 годишниот Улбрихт го основа пред нешто повеќе од 2 години, скриен во „Длабокиот Веб“ , овозможуваше продажба и купување на дрога, оружје и порнографија преку Интернет, како да се работи за најобични книги или нешто слично.

Истражниот судија, го опиша Рос Улбрихт како криминален ум кој со својот сајт за продавање на нелегални дроги изградил империја во вредност од 1,2 милијарди долари, а лично тој заработил околу 80 милиони долари. Во образложението од судот се вели дека покрај наркотичните дроги, на сајтот започнало да се продаваат и оружје, а се нудело и хакерски сервиси.

Дополнително, за Улбрихт се смета дека бил спремен да направи и неколку насилнички дела со цел да ги заштити своите интереси. Во комуникацијата која е извлечена од серверите на Silk Road, постојат пораки во кои Улбрихт му се заканувал на корисникот со име FriendlyChemist кој се обидел да извлече пари заканувајќи се дека ќе објави информации за илјадници корисници на Silk Road. Во продолжение на документот се вели дека Улбрихт најмил платен убиец за 150.000 долари кој требал да го убие корисникот кој се обидел да изнуди рекет. Но, платениот убиец всушност бил полицаец.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии