Седум луѓе, меѓу кои и основачот на Megaupload, Ким Дотком, се уапсени од американското FBI. Веб сајтот е исклучен, заедно со две компании кои се поврзани со сајтот.

Седумината уапсени се обвинети дека се „дел од интернационална криминална организација чии членови се инволвирани во злоупотреба на авторски права и перење на пари“. Тие се обвинети дека направиле штета од пола милијарда долари, а при тоа заработиле околу 175 милиони долари.

Популарниoт Megaupload, стартуван во 2005 година, а денес со 50 милиони дневни посети, се користи за закачување и споделување на фајлови. Но иако сајтот е легален, сепак поголемиот дел од содржината е пиратска.

Според американските власти, компанијата потпомагала да се споделат пиратски копии на авторски дела уште пред тие да бидат официјално објавени. Во обвинението се вели дека Megaupload често ги обесхрабрувал корисниците да го користат сајтот за складирање и закачување на содржина која не е популарна за симнување, така што автоматски им ја бришеле. Megaupload се обвинети дека користеле бизнис модел со кој парично ги наградувале корисниците да споделуваат надворешни линкови кои хостирале нелегална содржина.

Неодамна Мegaupload поднесе тужба против Universal обидувајќи се да привлече внимание на себе и на својата легалност. Спорот со Universal беше цензура на видеото Megasong во кое бројни ѕвезди дадоа поддршка за Megaupload. Taa тужба против Universal најверојатно ќе остане бидејќи директорот на Megaupload, продуцент и маж на Алиша Кијс, Свис Битс, не е меѓу уапсените.

Ако се докаже дека се виновни, седумината уапсени може да се соочат со 20 години затворска казна.

Интересно, ова апсење доаѓа само еден ден откако многу популарни американски сајтови, вклучувајќи ја Wikipedia на англиски јазик, Reddit, Google, Mozilla, WordPress и други, или го исклучија својот сајт за еден ден или поставија линк до постови во кои го објаснуваат своето незадоволство од предлог-законот SOPA кој би требало да ја спречи пиратеријата во САД.

7 коментари на “FBI го исклучи Megaupload, седум луѓе се уапсени

    1. Повеќето од серверите на MU биле во Холандија и ако добро памтам во Нов Зеланд, но ФБИ побарале соработка од тамошните власти(или им наредиле) и ги затвориле. Проблемот е глобален, не е само во САД, така да
      brace your self, the winter is coming!

  1. А анонимус ги паднаа страниците на fbi department of justice riaa i mpaa така да ова нема да остане така овие американците се мислат дека се газди на се да ***** матер на Обама поздрав Fuck SOPA

    1. Под штета се подразбира колку луѓето би платиле доколку содржините кои ги симнувале би ги купиле легално.
      Значи доколку симнеш Неро, автоматски правиш штета од 99$(толку се плаќа нерото).
      Сигурно дека MU неможе да направи 99 долари од едно симнување, така да коментарот не ти е валиден.

  2. Pa dobro be majkumu aj megaupload, sleden pretpostavuvam e filesonik,pa rapidshare.. Pa do kade imaat nadleznost be ovie? Vo holandija ako cepnat e togas ke odime site na open sours dodeka i na unixot ne mu najdat traktorski prava!

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии