Гејминг компанијата се проби на Facebook, па на MySpace, oтвори соработка со Yahoo, а сега се открива дека и Google инвестирал меѓу 100 и 200 милиони во компанијата.

Според блогот TechCrunch инвестицијата е големо стратешко партнерство и може да биде од стартување на Google Games, кои треба да се објават до крај на годинава, па до користење на Google CheckOut, систем за плаќање кој би требало да го замени PayPal во игрите.

Исто така, доколку се точни неодамнешните шпекулации, Zynga со популарните друштвени игри може да му помогне на Google да стартува своја друштвена мрежа, која ќе биде конкурент на Facebook.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии