Farmville 3 излегува во ноември

На времето, играта на Zynga беше апсолутен хит. Формулата, подоцна отежната од бројни сопки кои се замислени да охрабруваат чести микро трансакции, бргу досади и многумина кренаа раце од насловот. Farmville 2 проба да ги врати претходните корисници, но многумина веќе беа истрошени од лошо-осмислената динамика. По цели 11 години, првата Farmville конечно згасна во декември, 2020 година.

Оние кои и понатаму носталгично се присетуваат на оригиналната игра или пак религиозно ја играат двојката, би можеле да бидат израдувани од веста дека Zunga планира да исфрли Farmville 3 и тоа побргу отколку што би можеле да очекувате. Имено, Farmville 3 излегува на 4 ноември за Android, iOS, и Mac.

Од компанијата ветуваат над 150 раси од животни, не исклучувајќи ги никако ниту тигрите, ниту алпаките. На добро-познатата Мери, овојпат ќе ѝ прават друштво над 30 фармери кои ќе ви помогнат да печете, да фаќате риби, да сечете дрва и ред други работи. Згора на тоа, временските услови ќе играат клучна улога и, во зависност од времето, вашите напори ќе вродат подобри или полоши плодови.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии