„Фантастичните четири“ .мк програмери ја претставуваат апликацијата Kinect Arcade

Kinect Аrcade e проект на Здравко Николовски, Александар Ристов, Стефанија Пероска и Александар Петровски. Целата „Фантастича четворка“, како што се нарекуваат, се софтверски инженери во Netcetera кои во слободно време, во период од 2 месеци по работа и преку викенд, ја креираа Arcade која е WPF aпликација која содржи навигациски систем и неколку игри. Aпликацијата беше претставена и на овогодинешната Визија 9.

„При имплеметацијата на апликацијата создадовме наш сопствен framework кој овозможува автоматско генерирање на навигацискиот систем без притоа да се пишува многу код. Едноставно, целиот навигациски систем се конфигурира преку XML датотека. Исто така, навигацискиот систем графички многу наликува на оригиналниот навигациски систем на XBOX 360, со тоа што поддржуваме два начини на приказ: галерија и преглед во вид на картички. Навигацијата може да се извршува со гласовни команди, со движење на телото (гестикулации) и преку тастатурата.“, вели Александар Петровски. (Александар е исто така модератор на форумот на It.com.mk)

Кinect e нов уред од Microsoft првично наменет за играње игри без контролери, но откако разни хакери успеаја да најдат наразлични употреби Microsoft објави софтверски алатки за да може уредот да се репрограмира. За да го овозможи контролирањето со тело, без џоистик, Kinect има RGB камера, Infrared длабочински сензор и 4 микрофони распоредени на различни позиции на уредот, со чија помош се определува локацијата на изворот на звук. Со комбинирање на податоците од овие сензори се добива доста моќна платформа за развој на апликации кои работат брз база на природни кориснички интерфејси.

[youtube]7hDKc1sJTG0[/youtube]

„Сигурно сте слушнале за природни кориснички интерфејси. Популарни уреди беа екраните осетливи на допир кои овозможуваа интеракција со компјутерскиот систем со изведување на најразлични гестикулации со прстите. Следен чекор беше Microsoft Surface кој овозможи препознавање на предмети што се поставуваат на него, како парички, чаши итн. Се што беше потребно сега е да се овозможи интеракција без физички контакт со било каков уред.“, објаснува Здравко Николовски.

„На прв поглед може да изгледа дека работата со Kinect е комплицирана. Тоа пред се доаѓа од фактот дека се работи со класично видео, податоци за длабочина и звук. Меѓутоа, ние работевме со Kinect for Windows SDK Beta на Microsoft што го прави работењето со Kinect многу поедноставно. Пристапот до сите податоци е многу едноставен вклучувајќи го тука и следење на секое движење на телото. Единствено нешто што недостасуваше во SDK-то беше поддршката за препознавање на гестикулации. За таа цел, имплементиравме сопствена библиотека за препознавање на гестикулации која веќе располага со предефинирани гестови (замавнување со рацете лево, десно, горе, долу, избор, ротација на раката, итн.), притоа оставајќи му на програмерот кој ја користи да имплементира дополнителни гестови.“

3 коментари на “„Фантастичните четири“ .мк програмери ја претставуваат апликацијата Kinect Arcade

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии