Фановите на Half-Life 2 на Steam организират истовремено играње

Овoј викенд фановите на Half-life 2 кои се членови на Steam организираат заедничко, истовремено играње на нивната омилена игра. Бројот на фанови кои се најавени да присуствуваат на настанот е околу 30.000, а целта е Half-life 2 да се врати на врвот на најиграни игри барем во времетрање на групната сесија. Членовите главно се собираа на форумот на Valve, а бројката на најавени учества нагло порасна откако настанот почна да се рекламира по друштвените мрежи.

На почеток идејата беше да се соберат 1.000 потписи кои ќе поднесат барање за подобра комуникација на вработените од Valve и фан групата на серијалот. Целта на активистите е и да им се каже кога ќе излезе последниот дел на Half-life кој беше замислен како трилогија, а веќе доцни 5 години ( беше најавен за 2008 година.

„Наместо да се фокусираме на негативни и неучтиви работи, се одлучивме да го привлечеме вниманието на Valve со пренесување на основната порака: Вашата најстара и надолготрајна фан група би сакала подобра комуникација со вас“.

Морам да признаам дека целата акција изгледа одлично, нема негативни коментари, ниту фанови кои би сакале да го забрзаат излегувањето на играта, а со целата акција сакаат да ги потсетат Valve дека токму Half-life е нивниот најпознат и најдобар серијал. Ако сте фан на играта можете да се приклучите на Steam групата, а играњето започнува во 9 часот.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии