Фанови на Apple и Samsung се степаа во реклама за Windows Phone телефон

Веќе станува вообичаено да гледаме реклами во кои компаниите наместо да зборуваат за својот уред, се обидуваат да го дискредитираат конкурентот. Ова важи посебно за Microsoft кој претходно започна цела кампања против Google, дури и го исмеа и својот Internet Explorer, а сега објави и реклама за свадба на која избувнува тепачка помеѓу фановите на Apple и Samsung. Целта е секако да се продадат повеќе Windows Phone телефони, па ако нивното фалење не пали кај корисниците, ниту пак споредувањето со конкурентите, можеби е подобро да се удри на психата на корисниците за да се засрамат дека користат други телефони, а не Nokia Lumia 920. За жал на Microsoft, иако рекламата е хумористична и до некаде вистинита, сепак тешко дека ќе ги предомисли луѓето да се префрлат на WP платформата.

[youtube]Z19vR1GldRI[/youtube]

8 коментари на “Фанови на Apple и Samsung се степаа во реклама за Windows Phone телефон

  1. Баш како на рекламата. Зедов релативно ефтин телефон 8s, и добив бинго. Едноставно се ужива со овој телефон. Има 2-3 работи што ми фалат како бивш Андроид корисник, но има многу повеќе што ми го подобруваат искуството…

  2. Андроид и iOS корисниците ја потценуваат WP8 платформата а забораваат дека и тие платформи така започнаа. Па за една година платформата има преку 150.000 апликации што е навистина голем успех. Се надевам дека Мајкрософт нема да ја направат истата грешка како Епл да ја ограничат персонализацијата (како што е сега и во двата случаи) и дека ке го олеснат пристапот до некои функции како на пример до wireless i bluetooth бидејки како што е сега во моментов, треба да кликнеш 5-6 пати за да стигнеш до нив.

    Искрено се мислев меѓу HTC Desire X и HTC Windows Phone 8s (телефончето е лудница) но се одлучив за Андроид поради подобрата флексибилност.

  3. Нормално дека нема да се префрлат, поголемиот дел од љубителите на iPhone не се вистински љубители на технологија туку мамини и татини дечиња кои ги расфрлаат нивните пари за да се покажат кој е побогат, благодарение на преценетите срања на Apple.
    Е Самсунг си се друга приказна – технологија на место.
    Јас си се префрлив на WP (ама HTC, не Лумиа) и си се осеќам баш ко батињава на рекламчево. Нека си се тепаат другите, јас ќе си уживам и ќе им се смешкам. xD

      1. Моментално? Astronomy Hubble, Wikipedia, WhatsApp, Viber, Cyanide and Happiness итн итн. Имав еден куп игри симнато, ама ги бришев зашто сум, освен љубител на технологија, и љубител на игри, ама мене телефонов (од таа страна) ми служи за тетрис и судоку. Fruit Ninja сум немала и Angry Birds и автоматски за ништо не ми чини телефонот? Мене тие игри ми се патетични и моронски. Се што ми треба, а и повеќе, имам на HTC 8X.
        Ако сакам да си ја симнам и Бетмен и Ајрон мен и било која – можам; имам Дуал кор 1.5 гига херци процесор и 1 гига рам. Ама за такви игри си го имам компјутерот, фала, пријатно. Како што реков, како љубител на игри, покеифски ми е да си ги играм на 15тина инчен екран, не на 4 инчен :)

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии