Фанoвите и краудфандингот го испратија јамајканскиот тим на санкање во Сочи

Се сеќавате на забавниот филм Cool Running од деведесетите во кој јамајкански тркачи се натпреваруваат во зимски спортови? Филмот е всушност направен по вистинска приказна за јамајканскиот тим за боб санкање, кој, по неколку настапи на различни Олимпијади, ќе настапи и на овогодинешната во Сочи. Но, иако се квалификуваа за Олимписките игри, нивниот настап остана под прашање, пред се, поради недостатокот на финансии со кој тимот би стигнал во Русија. Но, како што филмот стана популарен со помош на фановите, така и овој сон на јамајканците се остварува благодарение на краудфандингот, односно на групното инвестирање од фановите.

Reddit, Crowdtilt и Indiegogo започнаа свои кампањи и како резултат на ова се собраа над 120.000 долари во донации. Со овие пари е премината и последната пречка и официјално Јамајка ќе има боб тим на Олимпијадата во Сочи. Олимпијадата започува на 7 февруари, а ќе трае до 24 февруари. Целта на овогодинешниот тим на Јамајка е пласман во првите 10.

[youtube]_x-qALlLCKg[/youtube]

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии