Family Link од Google наскоро ќе биде достапен насекаде

Дејан Соколоски

во Вести

Google објави дека наскоро пристигнува надградба за Family Link. Платформата ќе биде достапна во најголем дел од светот. Во Европа најпрво доаѓа во поразвиените држави и државите од единствениот европски пазар.

Станува збор за функционалност која на родителите им овозможува контрола врз телефоните на своите деца. Така родителите можат да преземат контрола врз уредот и да го исклучат. По ова на детето му остануваат околу 5 минути да сними ако прави нешто, а потоа телефонот се гаси. М0жеби идејата зад ова е да се спречи прекумерната употреба или можеби да се овозможи мирна семејна вечера без телефон.

Една од промените кои нема да им се допаднат на тинејџерите е дека сега платформата е достапна и за тинејџери. Но, не е баш толку едноставно. Тинејџерите можат да го исклучат надзорот, а родителите ќе добијат нотификација за ова. Една од клучните забелешки за апликација, за легално користење на сервисот мора да се согласат двете страни.

Платформата овозможува повеќе функционалности. Од ограничување на времето кое децата го  поминуваат на телефон, забрана за апликации, но и пронаоѓање на децата. Наскоро Family Link ќе биде достапен и на Chromebook.

Засега функционалноста не е достапна во Македонија, но со оглед на тоа дека најголем дел од Европа и добар дел од светот се вклучени, веруваме дека апликација доаѓа наскоро.