Fallout 76 најверојатно ќе биде игра со повеќе играчи

По одредено задевање на Twitch, издавачката куќа Bethesda ја најави играта Fallout 76 со следниот тизер трејлер.

Од трејлерот можете да заклучите работи кои можат да се избројат со прстите на една рака. Знаеме дека се работи за трезорот 76, според лорот за тој трезор, дејството би било засновано 20 години по катастрофалното уништување на светот, односно во 2102 (првата Fallout игра е сместена во 2161 година. Трезорот 76 е, всушност еден од првите трезори биле планирани да се отворат по песната на нуклеарките (2077 година) и во нејзината внатрешност се кријат 500 души. Дополнително во трејлерот се алудира на мисијата дека откако работите ќе се стишаат, треба да почне да се гради. Имајќи ги овие информации во предвид, заедно со фактот дека еден од клучните гејмплеј механики во Fallout 4 беше собирање ресурси и градење, работите стануваат исклучително интересни и не би погрешиле доколку помислите дека Fallout 76 е вашиот некарактеристичен наслов од овој серијал. Извори на видниот сајт Kotaku, објаснуваат дека Fallout 76 е survival игра, во стилот на Rust, а многумина претпоставуваат и дека би можело да се работи за Battle Royale игра, како Fortnite. Сите гласини се сложуваат за една работа – дека Fallout 76 ќе биде некој вид мултиплеер игра.

Fallout 76 ќе излезе за PC, PS4, и Xbox One, а повеќе детали ќе се знаат на 10.јуни, за време на Е3 настанот.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
1 Коментар
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments