Fall Guys: Ultimate Knockout е забавна мрежна игра со уште 59 други играчи

Fall Guys излезе пред два дена и стана инстантен хит. Оваа мрежна игра ви дозволува да се натпреварувате со уште 59 играчи на предизвикувачки терени и според најразлични правила. Заснована на едноставни механики кои се тешки за совладување, Fall Guys често ве втурнува во хаоси над кој немате никаква контрола и само доколку сте доволно брзи (и среќни!) ќе можете да стигнете до линијата на финишот.

На Steam, Fall Guys чини 20 евра, но е бесплатна на PS4, под услов да имате Playstation Plus претплата. За жал, поради преголемата популарност, често нѝ се случуваше да чекаме долго време за да започнеме со трката. Ова резултира со бројни негативни рецензии на Steam, но, студиото се извини и вети зголемување на капацитетот на серверите.

Fall Guys is out now, but the servers are taking a beating | PC Gamer

Fall Guys е исклучително забавна игра и доколку имате PS4 и PS+ претплата, нема што да изгубите за да ја проверите играта. Има бројни микротрансакции, но сите се поврзани со козметички работи. Сезонската пропусница е автоматски активирана и нуди најразлични работи кои ги разубавуваат човечињата.

1 коментар на “Fall Guys: Ultimate Knockout е забавна мрежна игра со уште 59 други играчи

  1. Преку 5 милиони играчи за една недела, незнам која друга игра го има постигнато тоа :D .
    Goodbye Fortnite, welcome Fall Guys.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии