#Фактнаденот: Пропагандата на ВМРО стана хит на Twitter

Според ВМРО-ДПМНЕ денес 60 отсто од населението е на интернет, додека во времето на СДСМ само 5 отсто имале пристап до мрежата. Ова ВМРО го објави на својот Twitter профил надевајќи се дека политичката пропаганда ќе биде прифатена како успех во нивното шест годишно владеење. Но, се случи спротивното, твитерџиите започнаа да се подсмеваат на логиката на владеачката партија да се обиде да граба поени на развој на технологијата во светот. Според твитерџиите, ВМРО се најдобрите владетели бидејќи ни во времето на комунистите никој немал интернет.

Жал ни е ВМРО, но, ниту вие, ниту СДСМ не сте заслужни за растот на интернетот во Македонија, развојот зависи од моќта и вредноста на продуктот што е интернет, и побарувачката. Инфраструктурата изградена во времето на двете партии е само неопходна алатка за да се задоволи побарувачката (и оствари профит).

Подолу се неколку од поинтересните твитови на оваа тема означени со хаш-тагови #ВМРО и #СДСМ.

 

16 коментари на “#Фактнаденот: Пропагандата на ВМРО стана хит на Twitter

  1. Може да се смееме колку сакаме на владава, ама што ако за догодина им текне да се откажат од дел од дивидентата и намсто коњоградба да спонзорираат проект „оптика до секој дом“, а? Тогаш, а?

  2. но се случи спротивното :DDDDDDDDDDDDDDDDDDDDDDD
    ама комшиата ми е од сдсм и ми викна полиција оти ного гласно са смејах
    кр кркркркрк :D

    1. Епа во времето на СДМС, порталот на ИТ не постоеше. Благодарение на ВМРО имаме солиден информатички портал. А зошто би биле против опозиција? И вакви бисери само твоиве можат да направат…

    2. IT.com.mk е информатички портал, не политички. Целта е да се промовира, мотивира и едуцира ИТ заедницата, ништо повеќе од тоа.

      1. само сакаме (односно нема што ние да сакаме, вие губите на кредибилитет) да бидат по не-пропагандни статиите, барем на ИТ форум да не се меша. Како што кажа членот под мене, не е прв пат

      2. Би те замолил да видам како ќе изгледа објективна статија на оваа тема да ми покажеш

      3. Објективна? Ние не го измисливме твитот на ВМРО, тие го објавија, твитерџиите реагираа. Не знам ниту зошто некој се навредува што ВМРО самите си објавија таков твит, прифати критика, поправи се и продолжи.

  3. доста професионално од ваша страна.
    ај да ги имаше твитовите ама „твитерџиите започнаа да се подсмеваат на логиката на владеачката партија да се обиде да граба поени на развој на технологијата во светот“ е како некој од А1 (R.I.P.) да го пишувал ова. peace

    1. Глупав коментар да ме поврзеш со нешто што е етикетирано како „непријател на ВМРО“. Политичките игри чувај си ги за политички сајтови.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии