#Fail! Google се извини за ужасна првоаприлската шега

Виктор Дано

во Веб

Google мораше да се откаже од својата првоаприлска шега во Gmail откако направи хаос со пораките на корисниците. Идејата на Google беше да вметне забавен гиф oд Мињоните во секој мејл што ќе го испратат корисниците. Копчето Send беше заменето со Send + Mic Drop копче кое го вметнуваше гифот.

Google се извини, велејќи дека „шегата е на нивна сметка“. Но, во реалноста имаше посериозни последици. Google како да заборави дека имејлот сè уште е алатка за професионална комуникација. За тие корисници кои го кликнаа линкот нивните мејлови се претвори во несериозни глупави пораки кои на моменти не беа ни смешни.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии